ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Фрлена рачна бомба врз зградата на општината во Звечан во северно Косово

November 29, 2024 09:55
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовската полиција соопшти дека синоќа пред полноќ дошло до експлозија во Звечан во северно Косово, предизвикана најверојатно од рачна бомба фрлена врз зградата на тамошната општина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека нема повредени и е предизвикана само материјална штета. Тој информира дека е оштетена општинската зграда, како и четири паркирани автомобили.

Полицијата претпоставува дека е употребена рачна бомба М-75.

„Синоќа пред полноќ се случи експлозија за која се сомневаме дека е предизвикана од рачна бомба М-75. Истата предизвикала материјална штета на зградата на општина Звечан и на четири автомобили кои биле паркирани во близина. Повредени и сомнителни лица нема, додека полицијата работи на расветлување на случајот. Полицијата останува посветена да продолжи да дава услуги за граѓаните од северот на државата“, се вели во изјавата на Елшани

Пред два дена беа фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан. Полицијата соопшти дека освен материјална штета нема повредени.

Градоначалникот на Звечан, Илир Пеци, остро го осуди овој чин, нарекувајќи го неприфатлив и сериозна закана за јавната безбедност.

Пеци рече дека како градоначалник на таа општина ќе се заложи да се преземат сите неопходни мерки за да се гарантира безбедноста на граѓаните и да се поддржат институциите на редот и мирот.

Звечан е општина во северно Косово, населена со мнозинско српско население. Како и во другите три општини во областа – Северна Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток – и во Звечан минатата година имаше големи протести на косовски Срби против преземањето на должноста на градоначалниците Албанци, откако Србите ги бојкотираа локалните избори во знак на протест против политиките на Владата во Приштина кон таа етничка заедница.

Tags: Звечанрачна бомбасеверно Косово
Next Post

Тројцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk