– Немилите случувања со македонското знаме многу потсетуваат на времето во кое преку слични тактики Груевски си го зацврстуваше режимот. Создавањето нестабилност и немири преку сценарија во кои сценаристите-коалиционери ќе нѐ бранат од самите нив пред своите гласачки маси им е добар параван за лошото практикување на власта, објави на Фејсбук потпрестедателката на СДСМ, Кристина Костова
„Факт е дека за помалку од пет месеци власт, единствени резултати кои ги видовме од коалиционите партнери се изесливо партизирање на институциите, целосно изолирање на земјава и блокада на евроинтеграциите, како и катастрофални економски политики кои се во корист само на неколкутемина големци блиски до владејачката партија. Факт е дека претставниците на власта сами си ги покачуваат платите, а без никаков против-аргумент го одбиваат амандманот за зголемување на минимална плата. Факт е дека сите граѓани, без да нѐ прашаат, нѐ задолжуваат со кредит од Унгарија, со сомнителни и тотално нетранспарентни услови за доделување на парите позајмени под катастрофални услови за граѓаните“, истакнува Костова.
– Сме виделе од ДПМНЕ и претходно ваков аздис прикриен зад евтини приказни за идентитетски прашања и вештачки создадени меѓуетнички конфликти и поделби, вели потпретседателката на СДСМ.
„Граѓаните сакаат општество во кое имаат мир, слобода, рамноправност, во кое се почитуваат различностите додека се гради заедништвото. Така си ја зачувуваме државата, а не преку насочување пизма и омраза кон поинаквиот од нас. Дека ДПМНЕ нема ни грам државништво ни е познато. Но, да не дозволиме ние, здраворазумните граѓани кои ѝ мислат добро на Македонија, повторно да им паднеме на нивните стари, излитени, проѕирни финти, од кои одамна сме уморни“, потенцира Костова.