ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Останува евтина тарифа на струјата од 13 до 15 часот и од 22 до 7 часот, како и цел ден во недела

December 2, 2024 14:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

До идната пролет нема да има промена на временскиот период во кој домаќинствата може да користат евтина дневна тарифа за електрична енергија, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

– Имавме состанок со ЕСМ и со ЕВН Хоум на почетокот на октомври за воведување дополнителен час евтина дневна тарифа на електричната енергија за домаќинствата. Нашите анализи покажуваат дека цената на електричната енергија на најголемата берза во регионот, како и на нашата берза се најниски во периодот  од 12 до 16 часот, а се највисоки од 20 до 24 часот. Имајќи во предвид дека нашите домаќинства веќе имаат стекнати навики во однос на евтината тарифа се одлучивме до пролетта  да остане ситуацијата таква каква што е, а потоа врз основа на состојбата во АД ЕСМ ќе носиме понатамошни одлуки, рече Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Нагласи дека дневна евтина тарифа на електричната енергија има само кај нас.

-Македонија е единствена држава во регионот каде што има евтина тарифа во текот на денот. Електродистрибуција како компанија која управува со дистрибутивниот систем во наредниот период ќе започне  да набавува паметни броила кои ќе им овозможат на снабдувачите да дадат поинтересни понуди кај домаќинствата и на дневно ниво да ги известуваат каква би била цената следниот ден, посочи Бислимоски.

Домаќинствата евтина тарифа на електричната енергија може да користат секој ден во периодот од 13 до 15 часот и од 22 до 7 часот, како и цел ден во недела.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија од 1 јануари се зголемува за 5,68 проценти, цената за дистрибуција на Електродистрибуција се намалува за 5,52 проценти, а цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО се зголемува а 19,8 проценти.

Влијанието на цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија врз крајната цена по која потрошувачите ги плаќаат сметките за струја е 4 проценти, цената за дистрибуција влијае 33 проценти врз крајната цена, а цената на МЕМО влијае само 0,19 проценти. Вкупно трите ставки влијаат со 38 проценти врз крајната цена за потрошувачите.

– Делот од мрежарината кој го плаќаат домаќинствата и на најголем број од малите потрошувачи се намалува за седум проценти. Имајќи во предвид дека веќе ја знаеме и цената која ЕСМ ја понуди на тендерот на универзалниот снабдувач која изнесува 62 евра за мегават час и покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини, не очекувам дека ќе има поголемо покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата од еден процент, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција.

Успеавме, додаде, да ја намалиме мрежарината поради тоа што одредени компании имаа повеќе остварен профит од тоа што е одобрено од РКЕ и тоа ни овозможи да се доведеме во ваква поволна ситуација. Во моментов, домаќинствата ја плаќаат мрежарината по 2,3 денари, а од 1 јануари ќе изнесува 2,14 денари по киловат час потрошена електрична енергија.

– По носењето на овие одлуки во текот на следните денови, ЕВН Хоум како универзален снабдувач до РКЕ ќе ги достави на контрола крајните цени за домаќинствата  и за малите потрошувачи, појасни Бислимоски.

Долгот од 40 милиони кон Електродистрибуција, како што кажа, веќе трета година по ред се плаќа и во наредните години ќе биде вратен на компанијата преку цените за дистрибуција на електрична енергија.

– Сега ни е најбитно обезбедување на ценовна стабилност пред се за домаќинствата, но исто така во наредниот период треба да се насочиме кон стабилизација на ЕСМ. Како Регулатор иако немаме влијание на цените кои ги нуди ЕСМ на тендерите во наредниот период ќе се насочиме на секаков можен начин да помагаме да дојде до стабилизација на финансиската состојба во ЕСМ. Ќе преземаме мерки и ќе испраќаме сигнали до пазарот на електрична енергија да му обезбедиме на ЕСМ поголеми количини да ги продава на слободниот пазар во државата каде цените се далеку повисоки од тие што му ги нуди на универзалниот снабдувач, но при тоа и ЕСМ ќе треба да работи на зголемување на своето производство на електрична енергија, рече Бислимоски.

Инаку, МЕПСО од РКЕ побара зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 50,58 отсто, МЕМО за 78,58 отсто, а Електродистрибуција  поднесе податоци во кои не беа вклучени трошоците за покривање на загуби во дистрибутивната мрежа бидејќи не беше завршена постапката за набавка на електрична енергија за покривање на загубите.

Tags: евтина тарифаМарко БислимоскиРКЕструја
Next Post

Трета жртва од невремето во Грција

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk