ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почнува „Неделата на Бах“ со предавања, концерт на пијанистот Дино Имери и работилници за деца

December 2, 2024 09:17
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По неодамнешениот концерт на Дино Имери во Белград, каде настапи со уште двајца врвни музичари – Роман Симовиќ на виолина и Драган Ѓорѓевиќ на виолончело, а кој заврши со стоечки овации во преполната сала во „Коларац“, нашиот пијанист приредува уште еден мошне значаен настан. Станува збор за „Недела на Бах“, којшто на различни локации во Скопје ќе се случува од денеска до 7 декември.

Во соработка со Германската амбасада и поддржано од Министерството за култура и туризам, ќе се одржат концерт, музички работилници за деца и предавања, кои од различни аспекти ќе ја претстават музиката, филозофијата, животот на најголемиот композитор на сите времиња, Јохан Себастијан Бах, без чие постоење и делување, светот не би бил ист.

Денеска, на официјалното започнување на „Неделата на Бах“, на Факултетот за музичка уметност, со почеток во 13 часот, Дино Имери ќе одржи отворено предавање пред студентите, на кое ќе се осврне претежно на создавањето, идејата и композиторската структура на „Голдберг варијациите“. Концертот закажан за 4 декември, во КИЦ-Скопје, е централниот настан на „Недела на Бах“.

-Централниот настан на „Недела на Бах“ е концертот на „Волшебникот на пијаното“, Имери, со наслов „Кодот на Бах“, којшто ќе се случи на 4 декември во Културно-информативниот центар – Скопје (Салон 19, 19). Рецитален настап, на кој Имери ќе го изведе најпознатото и едно од најкомплексните дела на славниот композитор, неговите „Голдберг варијации“, коешто се смета за споменик во целокупната западна класична музика. Јохан Себастијан Бах создал магија од музика. Целото негово творештво е неповторливо и уникатно, но „Голдберг варијациите“ се центарот на неговиот свет. Тие се сон за секој пијанист и со право се смета за едно од најгенијалните и најкомплексните дела на Бах, во кое се покажува неговиот талент за хармонија, контрапункт и виртуозност, наведуваат органзиаторите.

На 6 и на 7декември, пак, за децата во ООУ „Љубен Лапе“, односно за децата во СОС „Детско село“, Имери и Иванова ќе одржат музички работилници во вид на претстава, под наслов „Голди, Бах и музичкото село“. Автор на приказната е Тина Иванова, којашто ќе се јави и како наратор, заедно со пијано придружба и нарација на Дино Имери. Овие музички работилници имаат за цел децата да го запознаат Бах и особено неговите „Голдберг варијации“, преку интересна, автентична приказна, како би се насочиле кон понатамошен интерес и истражување за вечната музика на Бах.

По завршувањето на целиот настан, во просториите на ЕУ Инфо центарот, заедно со пијанистот Имери, на отвореното предавање за филозофскиот, музичкиот, естетскиот аспект на творештвото на Ј. С. Бах, ќе учествува и музикологот Тина Иванова. Всушност, ова предавање е замислено во вид на интервју, низ кое ќе се откријат повеќе аспекти и за денешното влијание на големиот германски музички автор. Предавањето носи наслов „Универзалниот јазик на Бах – што неговата музика може да не научи денес?“, се наведува в о соопштението по повод „Неделата на Бах“.

Tags: Неделата на Бах
Next Post

Сообраќајот се одвива во зимски услови, забрана за камиони има на Маврово на патот Тетово - Попова Шапка

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk