ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Холандскиот „брод на смртта“ – една од најголемите поморски мистерии

December 5, 2024 15:48
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Photo: Naval Historia

Photo: Naval Historia

Share on FacebookShare on Twitter

Мистериозните приказни отсекогаш го привлекувале вниманието на луѓето. А, човековата фасцинација со непознатото честопати резултира со приказни што со текот на времето се збогатени со дополнителна драма. Таква е судбината на холандскиот брод „СС Уранг Медан“ (SS Ourang Medan) од 1940-тите.

Приказната на преживеаниот

Имено, додека бродот пловел во водите околу Индонезија, се случила несреќа. Името на бродот е изведено од малајскиот збор „оurang“, што значи „човек“, и Медан – град на Суматра. Според приказната, судбината на бродот и неговиот екипаж прв ја опишал италијански мисионер кој наводно ја слушнал од еден преживеан морнар… Тој морнар успеал да доплива до атол на Маршалските Острови, но набргу потоа починал. Мисионерот потоа му ја раскажал приказната на Силвио Шерли од Трст.

Морнарот тврдел дека бродот превезува опасен товар – сулфурна киселина, позната како „витриол“. Лошото складирање на овој хемиски материјал довел до создавање отровни гасови, коишто го убиле целиот екипаж. Бродот пловел од непознато кинеско пристаниште кон Костарика, избегнувајќи официјални контроли поради нелегалниот товар. Во некои верзии на приказната не се споменува опасниот товар.

Како што оди легендата потоа, бродовите во близина добиле вознемирувачка радиопорака со Морзеова шифра: „Сите офицери, вклучително и капетанот, се мртви. Тие лежат на палубата и на мостот. Целата посада е веројатно мртва… И јас умирам“.

На местото на несреќата прв пристигнал американскиот трговски брод „Силвер стар“. Таму спасувачите нашле празен брод полн со мртви тела, вклучувајќи го и бродското куче – териер. Телата на посадата немале физички повреди, но страотните изрази на лицето посочувале смрт во страшна агонија. Бродот ненадејно се запалил, поради што Американците биле принудени да се оддалечат. На крајот, „СС Уранг Медан“ експлодирал и потонал, носејќи ги тајните во морската длабочина со себе.

Во што е мистеријата?

Приказната за холандскиот брод е полна со драма, но недостатокот на конкретни докази предизвикува сомнежи. Некои веруваат дека бродот превезувал лошо складирани хемикалии, но други говорат дека инцидентот е поврзан со озлогласената јапонска „Единица 731“.

На крајот, оваа приказна останува мистерија на којашто треба да се гледа со критичко разгледување. Само едно е јасно: Приказните како оваа ги фасцинираат луѓето и ја поттикнуваат нивната мечта и фантазија, без обѕир дали се деталите се вистина или само производ на човековата склоност кон мистериозното.

Tags: брод на смрттамистерии
Next Post
AI Generated Image

Samsung работи на „XR“ очилата со вештачка интелигенција

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk