ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија учествува на 13. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој во Бангкок

December 5, 2024 10:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ја зацврстува својата посветеност на правичната енергетска транзиција преку учество на 13-от Меѓународен форум за енергија за одржлив развој што се одржува во Бангкок, Тајланд. Форумот е организиран од петте регионални комисии на Обединетите нации, а се одвива под темата „Праведна енергетска транзиција“.

На овој Форум, како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, претставник на ресорното министерство е Елена Ивановска, кабинетски службеник за следење на стратешките приоритети на Владата.

Ивановска учествувала на неколку клучни панели, вклучувајќи ја сесијата за праведни политики за транзиција, каде ги истакнала македонските напори за обезбедување енергетска пристапност за сите граѓани, со акцент на социјалната одговорност и праведност. Таа учествувала и на дискусијата за глобални зелени инвестиции, каде ги претставила можностите за инвестирање во обновливи извори на енергија во земјава, како и нашите планови за зајакнување на енергетската сигурност.

– Учеството на вакви форуми е исклучително важно за Македонија. Оваа платформа ја гледаме како можност да ги истакнеме нашите напори за развој на обновливи извори на енергија и креирање стратегии за енергетска отпорност. Размената на најдобри практики и поврзувањето со експерти од целиот свет ни овозможува да ги зајакнеме нашите капацитети за спроведување на зелени политики и поттикнување економски раст заснован на одржливи принципи, порачала Ивановска. Таа упатила благодарност до UNDP Северна Македонија за поддршката во овозможувањето на учеството на овој форум.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, пак, преку писмо до UNECE (регионална комисија на ООН) која го организира овој форум, иницирала можност Северна Македонија да биде домаќин на следниот Меѓународен форум за енергија и одржлив развој во 2025 година.

– Со ова, земјата ќе се позиционира како регионален лидер во зелената транзиција, покажувајќи ја својата посветеност на меѓународна соработка и одржлив енергетски развој, се вели во соопштението од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Next Post

Белгиските земјоделци ги затворија границите со Германија и Франција во знак на протест против договорот на ЕУ со земјите од Меркосур

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk