Јужнокорејските обвинители денеска го уапсија доскорешниот министер за одбрана Ким Јонг-хјун, под обвинение за вмешаност во прогласувањето воена состојба од страна на претседателот Јун Сук-јеол, јави новинската агенција Јонхап.
Ким, кој во средата поднесе оставка, се смета за клучна фигура во краткотрајното прогласување воена состојба. Според извештаите, Ким му предложил на Јун да преземе ваков чекор.
Специјален тим на обвинителството го испитувал Ким, кој доброволно се појавил во канцеларијата на окружното обвинителство во Сеул во раните утрински часови.
Три опозициски партии поднесоа тужба против Јун, Ким и командантот на вооружените сили Парк Ан-су, обвинувајќи ги за предавство.
Покренато кривично дело и против јужнокорејскиот претседател, нема да учествува во државните работи пред своето предвремено повлекување
Јужнокорејското обвинителство отвори кривично дело во кое претседателот Јун Сук-јеол е именуван како осомничен бидејќи минатата недела прогласи воена состојба.
Ова денеска го објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол нема да се ангажира во надворешната политика и другите државни работи пред своето предвремено повлекување, изјави лидерот на владејачката партија Хан Дон-ху.
Оваа изјава лидерот на партијата „Силата на народот“ ја даде за време на заедничка прес-конференција со премиерот Хан Дол-су.
Претседателот Јун вчера „преживеа“ обид за импичмент во парламентот, контролиран од опозицијата.
Јужнокорејскиот претседател на 3 декември прогласи „итна воена состојба“, обвинувајќи ја опозицијата дека го контролира парламентот, симпатизира со Северна Кореја и го парализира функционирањето на владата преку антидржавни активности. Под притисок на опозицијата и на јавноста после неколку часа воената состојба беше укината.
Ј. Ѓ.
Прочитајте и…