ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каранфилова Пановска: СДСМ заборави на „нема правда, нема мир“ – таа лекција сега е научена

December 9, 2024 12:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ успеа да го победи режимот на Груевски кога успеа да направи широка граѓанска платформа кон која се приклучија огромен број на неопределени гласачи, граѓански активисти, млади независни луѓе чиишто ставови и идеи беа прифатени, но СДСМ заборави на некои клучни ветувања како она носечкото „нема правда, нема мир“, рече заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска во интервју за неделникот Фокус.

-СДСМ заборави на некои клучни ветувања како она носечкото „нема правда, нема мир“ од Шарената револуција, на бранот на чиишто надежи и очекувања дојде на власт. СДСМ секогаш победува само кога на принципиелни, вредносни основи ќе успее да го мобилизира поширокото граѓанско движење кое ги надминува партиските граници. При тоа, СДСМ ја нема таа привилегија да очекува и да се надева дека граѓаните ќе ѝ прогледуваат низ прсти. Од овие принципи не смее да има отстапување ниту од позиција на опозиција, најмалку од позиција на власт, тоа сега е научена лекција, рече Каранфилова Пановска.

Во интервјуто, Каранфилова Пановска посочува ги најавува политиките на новото раководство на партијата за повторно враќање на довербата кај граѓаните.

-СДСМ пред се мора да ги консолидира своите партиски структури и редови кое се срцето на секоја партија, но мора да се отвара и гради стратегии како да ја придобие довербата на пошироката јавност која слободно и независно гласа од насоките на политичките партии.Како ново раководоство на СДСМ, мора да имаме секогаш на ум, дека нашите членови и граѓаните мора пред сѐ внимателно да ги слушаме, така што ќе ги разбереме нивните приоритети, идеи и проблеми. Само така ќе можеме соодветно да ги креираме политиките на партијата и согласно нив и понатаму да постапуваме со максимална доследност, вели Каранфилова Пановска.

При тоа, Каранфилова Пановска додаде дека новото раководство на СДСМ ќе ги врати автентичните партнери со искрени политики, групите кои ја поддржуваат партијата и дека нема да се толерира застранување од вредностите на солидарност, грижа за сите, особено за најранливите, реторика на омраза и поделби во партиските редови.

-Ценам дека како тим и заедно со сите другите новоизбрани колеги во раководството на партијата, со многу работа, со многу посветеност и многу доследност во политиките ќе направиме пред сѐ разлика и промена, која граѓаните и членовите на СДСМ силно ја бараат. Верувам дека ќе го вратиме СДСМ на вистинскиот колосек, а сето тоа на крајот ќе ги даде посакуваните резултати, порача заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.

Tags: нема мирнема правдаСДСМФани Каранфилова-Пановска
Next Post

Ѓорѓиевски: Ќе прифатам кандидатура за градоначалник на Скопје ако ме кандидира мојата партија

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk