Пишува: ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ
Од прилика вака завршуваат диктаторите:
Руските режимски медиуми јавуваат дека Асад со семејството е во Москва.
За диктаторчињата од Западен Балкан главниот град Москва е далеку. Они се во вагоните на главниот “подизведувач” Виктор Орбан. Значи, иако возот вози за Москва, за нив опција е само попатната станица во Будимпешта.
Е сега, има друг фактор кој им ја расипува математиката, се вика време:
Овој Путин денес не е истиот како пред агресијата на Украина. Асад ова најдобро го осети на кожа. Кој знае каде за 4 години ќе бидат и самиот Орбан, па потоа Вучиќ и Додик… а овие “нашиве” упорно запнале да влезат во последниот вагон кој вози за Москва.
Една чудна работа ги обзема диктаторите, кога се на врвот на моќта, мислат дека се вечни, а времето упорно ги демантира дека не се.