ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО МУЛТИКУЛТУРА

КСЗД по повод Меѓународнот ден на човековите права: Ромите системски и етнички дискриминирани

December 10, 2024 11:26
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Се почести се претставките од ромската заедница и ромските граѓански организации за нееднаков пристап до добра и услуги по основ на етничка и расна припадност кои се однесуваат на условите во неформалните населби. Условите во кои живеат Ромите се мошне лоши, често под нивото на прокламираните стандарди на соодветно домување. Се работи за долгорочно населени населби со нејасен сопственички статус, надвор од урбаното планирање кои немаат основна инфраструктура, а услугите на државниот систем се тешко достапни. Голем е процентот на Ромите кои немаат документи за сопственост на нивното живеалиште. Повеќето, 95 отсто, живеат во градовите, но побројно се концентрирани во посиромашните реони (гета) или во субурбани области, наведува Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Комисијата по повод Меѓународниот ден на човековите права, има за цел, како што нагласува, да го сврти вниманието на јавноста и одговорните институции кон состојбите во неформалните населби каде најчесто живеат Роми. Овој проблем, подвлекува, претставува системска, расна и етничка дискриминација и е резултат на децениска негрижа за правата и потребите на најсиромашните граѓани кои живеат на маргините на нашето општество.

-Посиромашните реони (гета) или субурбаните области се слабо развиени населби со лошо изградени куќи, без пристап до вода, канализациска мрежа, асфалтирани патишта, електрична енергија и други основни комунални услуги достапни во современиот свет. Сето тоа придонесува за нееднаква стартна основа и животни можности во споредба со другите граѓани кои живеат во развиено соседство, населба, област или град. Како резултат на лошите услови во домувањето се појавуваат и низа други социјални проблеми, како социјална исклученост, недоволно вклучување на децата во образованието, потешкотии во пристапот до работа, здравство, социјлани права и други јавни услуги, истакнува Комисијата.

Додава и дека лошите услови за домување се и прашање на детски права и прашање на родова еднаквост.

-Жените и децата од овие населби се соочуваат со системска дискриминација која оневозможува еднакви можности и еманципација. И покрај досегашните напори на државата како и домашните и меѓународните организации, состојбата со домувањето на Ромите во РСМ е сеуште загрижувачка. Проблемите во Момин поток, Штипскиот диспанзер, Кочанска стара касарна се само дел од проблемите кои со години се актуелни и за кои за жал има само декларативни заложби. Ако домување е универзално човеково право кое е признато на меѓународно ниво во над сто национални устави во светот, суштината на остварувањето на правото е хуманистичкото сознание дека човечкиот живот е повеќе од гола егзистенција, односно дека подразбира и соодветно домување кое задоволува одредени стандарди. Право на секој поединец е безбеден дом и заедница, како дел од предусловите за мирен и достоинствен живот. Домувањето е предуслов за остварување на сите останати права, наведува КСЗД.

Според Комисијата, прашањата за домувањето освен на централно ниво е дел од надлежностите на многу институции на локално ниво. Според надлежностите и одговорностите на единицата на локалната самоуправа, општината е директно одговорна за локалниот економски и урбанистички развој на општината.

Проблемите со домувањето кај ромската заедница се утврдени и во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација преку повеќе претставки поднесени од домашни и меѓународни организации. Донесени се повеќе мислења за утврдена дискриминација од неколку Општини и институции, а донесена е и една општа препорака. Комисијата најавува дека ќе продолжи да ги заштитува правата на маргинализираните групи согласно предвидените законски основи меѓу кои и етничката и националната припадност, силно охрабрувајќи ги граѓаните да бараат почитување и реализација на нивните човекови права.

-Унапредувањето на состојбите во неформалните населби бара сериозен ангажман, инвестиции и меѓуинституционална соработка. Бараме надлежните институции да постапуваат согласно препораките на Комисијата, да донесат и спроведуваат планови за унапредување на состојбите во неформалните населби, најнапред преку обезбедување на основни услови како вода, канализациона мрежа, струја, урабанизација на населбите и програми за социјално вклучување на луѓето од овие населби, укажува Комисијата.

Next Post

Завршија сослушувањата за 115 финансиски прекршоци на Манчестер сити

Shortcut

Најново

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk