Со свое обраќање, претседателот на Медиа Диалог/ Y4M, д-р Волфганг Ресман го направи воведот во меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“.
Д-р Ресман во својот вовед истакна дека демократијата значи дека треба да се соработува и да се развиваат дискусии за сите проблеми. Демократија значи работа без цензура и целосна вклученост на сите.
„Демократијата значи доверба во правдата, политиката, политичарите и изборниот процес, но и што се случува во правосудството. Порцесот на враќање на довербата е најважно, значи да се работи на меѓународен план, да се донесат млади луѓе да се спојат со новинари, предавачи, експерти и да се дискутира и да се претстави на јавноста каде се грешките во општеството и демократскиот систем“, истакна д-р Ресман.
Денешната покана е да се дискутира во свет без војна. Штом се укинува демократијата се заканува војна. Да се бориме за нашите демократии, за нашите права, но и правата на другите да се надмине порализацијата. Тука медиумите се многу важни.
Д-р Волфганг Ресман од 2015 година е организатор на „Медиумски дијалог Источно партнерство“ поддржан од Федералното Министерство за надворешни работи на Германија. До 2024 година тој е претседател на Новиот народен форум на Европа и член на извршната комисија за медиуми на СПД (Берлин).
Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија.
Конференцијата се состои од четири сесии, во кои учествуваат повеќе од 25 учесници од Северна Македонија, регионот, Европа и САД, како и изложба и штандови со изданија на организацијата која оваа година одбележува 25 ГОДИНИ од основањето.