ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муртезани потпиша Меморандум за соработка со Молдавија за процесот на ЕУ интеграција

December 13, 2024 11:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Кишинев оствари средба со Заменик претседателката на Владата на Република Молдавија, задолжена за евроинтеграција, Кристина Герасимов. Во фокусот на разговорот беа билатералната соработка и заедничката амбиција за напредок на патот кон ЕУ, со што се зајакнуваат врските преку заемна поддршка и соработка, информираат од Министерството за европски прашања.

Муртезани и Герасимов се осврнале на тековните процеси за пристапување во ЕУ на Северна Македонија и Молдавија, при што бил ставен акцент на предизвиците и можностите во усогласувањето на националните политики со европските стандарди. Исто така, биле разменети мислења за клучните приоритети на реформите, особено оние поврзани со зајакнувањето на институциите, унапредувањето на доброто владеење и поттикнувањето на економскиот развој.

-Министерот Муртезани ја подвлече важноста на солидарноста и стратешките партнерства меѓу земјите кандидати и аспиранти од Западен Балкан и Источна Европа. Соговорниците се согласија дека унапредувањето на регионалната соработка и размената на добри практики се клучни за обезбедување континиуран напредок кон членството во ЕУ. Муртезани ја поздрави проактивната улога на Молдавија во промовирањето на европските вредности и ја потврди подготвеноста на Северна Македонија да ја продлабочи оваа соработка преку конкретни активности и иницијативи, се вели во денешното соопштение од Министерството.

Средбата била заокружена со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Владите на Северна Македонија и Молдавија, којшто поставува основа за редовна размена на искуства и најдобри практики во преговарачкиот процес со Европската Унија, како и за јакнење на капацитетите на институциите во двете земји. Оваа соработка, велат од Министерството за европски прашања, ќе се фокусира на областите како што се европската легислатива, управувањето со фондовите на ЕУ и јакнење на институционалната ефикасност, со цел подобрување на спроведувањето на реформите и подготвеноста за интеграција во Унијата.

Next Post

Шеикот Ал Тани подготвува нова понуда за Манчестер јунајтед

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk