ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Запленети околу четири тони марихуана во валандовското село Јосифово, 16 лица повикани на службен разговор

December 13, 2024 10:34
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица- ОВР Валандово запленети се околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово, Валандово.

Како што денеска соопштија од МВР, при крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 година во правното лице за производство,трговија и услуги со приоритетна дејност, одгледување на останати повеќегодишни посеви и добиена лиценца за одгледување на марихуана за медицински цели, била извршена контрола од страна на Комисијата при Министерството за здравство, по барање на МВР, и во присуство на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Валандово. Во текот на контролата биле утврдени бројни неправилности околу произведената марихуана за медицински цели, при што е известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, кој дал наредба да биде извршен претрес во правното лице, по претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Гевгелија и Комисијата при Министерството за здравство за исполнетост на условите за простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за производство на марихуана за медицински цели.

Од претресот беше утврдено дека во 500 кутии со околу 1390 килограми, кои се декларирани со етикета која е залепена на секое пакување дека содржи ТХЦ сув цвет, содржината во пакувањата не содветствува со декларацијата. Од страна на јавниот обвинител издадена е наредба за вештачење до Фармацевтски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на пакувањата кои се декларирани дека содржат марихуана сув цвет со ТХЦ. Од вештачењето е утврдено дека содржината во пакувањата е фалсификувана односно наместо сув цвет на марихуана содржи отпад, гранки, листови, био маса и многу мала фракција на суви мали иситнети цветови, со што е извршено кривично дело по член 95В и член 29Г од Законот за опојни дроги, се појаснува во соопштението.

Од страна на ОВР Валандово и ОКП биле извршени проверки и повикани на службен разговор 16 лица, меѓу кои сопственици на правното лице, поранешен управител, обезбедување, како и работници кои биле ангажирани на тримирање и чистење на марихуаната.

– Утврдено е дека околу 1390 килограми на марихуана е фалсификувана, а исто така утврдено е дека био маса со ТХЦ со вкупна килажа од 1629 килограми, која правното лице било задолжено да ја уништи и да достави известување до Министерството за здравство, истата не ја уништило и при контролата е затекната во правното лице. Исто така, утврдено е дека недостасуваат околу 11 килограми марихуана од сортата „булк глубери“ и не е доставен доказ каде се наоѓа, соопшти МВР.

Од контролата и претресот утврдено е дека околу 815 килограми марихуана од реколта 2023 година е спакувана во полиетиленски вреќи, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и истата не е соодветно спакувана, складирана и обележана. Вреќите не биле запечатени со сигурносна лента, иако во правното лице биле должни да постапат согласно член 29 Ѓ став 2 по Закон за контрола на опојни дроги.

По обезбедување на сите материјални докази, од страна на ОВР Валандово до надлежното ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 95 В, 29Г од Закон за контрола на опојни дроги против управителот на правното лице У.Р.Г. (21) од Бугарија, поранешниот управител Љ.С. (35) од Ново Село, против правното лице како и против Б.И. (49) од Нов Дојран, Б.И. (25) од Струмица и Н.Г. (40) од Струмица.

Од страна на јавен обвинител од ОЈО Гевгелија е издадена наредба за одземање на околу 1390 килограми фалсификувана марихуана, околу 1630 килограми био маса со ТХЦ и околу 815 килограми марихуана со ТХЦ.

– Исто така, од извршениот претрес и контрола утврдено е дека во правното лице пријавените управители пријавувале помала количина на сув цвет од реалната и констатирани се вишоци на марихуана. Од страна на Комисијата при Министерство за здравство е изготвено решение за одземање на лиценцата за производство на марихуана за медицински цели на правното лице, соопшти МВР.

Next Post
МИА

Фон дер Лајен: Целосниот прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната ја зајакнува ЕУ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk