ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Патот кон селото Галичник е непрооден три недели, од денеска нема и струја

December 15, 2024 21:17
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, ХРОНИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Во апел на месната заедница Галичник пренесен преку социјалните мрежи се бара овозможување на проодност по локалниот пат од Маврово до селото, кој, како што се наведува, е непрооден три недели и предупредуваат на можни проблеми заради прекинот на снабдување со струја. Од месната заедница апелот го упатуваат до надлежни институции „Македонија пат“, општина Маврово и Ростуше, како и ЈП за државни патишта.

– Бараме да ни овозможи проодност до Галичник, кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација. Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат, кој мора да биде постојано прооден, стои во апелот.

Од месната заедница посочуваат дека во ова мијачко село трета недела не функционира уличното осветлување, а од денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод нема ниту електрична енергија.

– Сакаме да ја потсетиме јавноста дека во Галичник има постојани жители, а многумина луѓе сопственици на имот имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник, на кои им е потребен пристап, се наведува во соопштението пренесено преку социјалните мрежи.

Од месната заедница очекуваат соодветна и навремена реакција на надлежните институции и нормализирање на состојбата.

Tags: Галичник
Next Post

Германската екстремна десница АфД го доведува во прашање членството на земјата во НАТО

НАЈНОВО

(ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

August 20, 2025

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk