ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Агелер: Не сум изненадена, бев задоволна што Груби е на „црната листа“ на САД

December 16, 2024 15:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ангела Агелер

Ангела Агелер

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер вели дека не е изненадена од тоа што името на порашениот прв вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби се најде на „црната листа“ на САД за значајна корупција.

– Не. И моја претпоставка е дека веројатно никој во оваа земја, меѓу граѓаните, во судството… не бил изненаден кога го видел неговото име на листата. Една од работите што е факт е кога САД објавиле назначување на некој поединец, а истото важи и за судијата Беџети, никој не вели, Боже, не ми се верува. Сите знаат во оваа држава кој е корумпиран. И јас, и вие знаете, искрено, дека ова е нешто за кое тесно соработувавме со Вашингтон за да го обработиме. Поминаа многу, многу месеци. Така што воопшто не бев изненадена. Бев многу задоволна. Бев многу задоволна и што Вашингтон можеше да го објави соопштението на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, на 9 декември. Значи, не бев изненадена. Бев задоволна, вели амбасадорката Агелер во интревју за „Слободен печат“.

За впечатокот дека вообичаено на оваа црна листа се ставаа високи функционери, но откако ќе ја напуштат функцијата (пример со Мијалков, Груевски, Анѓушев, а сега со Груби) и зошто овие високи функционери никогаш не се ставени на листата додека се на функција, Агелер вели дека не е во прашање политичка одлука, туку процес.

– Тоа не е одлука. Станува збор за процес. Вашингтон работи со амбасади, со нашата амбасада овде, на пример, што помага да се состави пакет информации за поединци, за кои веруваме дека локално учествувале во криминална корупција. И потоа тоа е прилично долг процес. И некој, амбасадата, или која било амбасада во светот, може да состави пакет за поединец, и тоа може да потрае повеќе месеци до неколку години, во зависност од комплицираноста на случајот. Така што, за нас тоа никогаш не е политичко прашање. Ме прашаа дали ова е одговор на различни политички активности во текот на минатата недела или месеци. И одговорот е не. Нашиот процес не функционира така. Не ни е намерата да се вклучиме во политиката. Значи, ако во неговиот случај, случајот беше завршен додека тој сè уште беше на функција, тогаш апсолутно ќе го пуштивме во тоа време. Но, не беше. Значи, тоа е само прашање на процесуирање, вели таа подвлекувајќи дека за САД тие немаат каков било „имунитет“ за време на функцијата.

Прашана можно ли е САД, кои досега дале половина милијарда долари за судството, а сите го знаеме резултатот, во еден момент да кажат „доста е“, Агелер одговара дека е можно тоа да се случи, но не веднаш или во блиска иднина, бидејќи, вели, нашите стратегиски приоритети овде во Северна Македонија се засноваат на стратегиските приоритети и желби на луѓето во оваа земја и нивните избрани функционери.  Таа е и понатаму оптимист, дека сме на вистинскиот пат и оти ќе продолжи со своите напори да и помага на земјата успешно да се справи со корупцијата.

Во однос на реформите во судството и прашање за коментар за случувањата во Судскиот совет по оставката на Весна Дамева, таа меѓу другото вели дека нејзините коментари за Судскиот совет, за составот на Судскиот совет, за коментарите од премиерот и другите за промена на членството или како тоа функционира, отсекогаш биле дека ова е процес што треба да се води внимателно и смислено.

-И денес е исто како и порано. Важно е да постои Судски совет што работи на поддршка на судството, кој работи како баланс на другите аспекти на судството. Ние сме тука да го поддржиме сѐ додека е институција со добра волја и ќе бидеме отворени за какви било дискусии за тоа како можеме да го поддржиме тоа, подвлекува Агелер.

На директното реторичко прашање дека таа не поддржува распуштање на Советот, како што предлага премиерот, таа наведува дека тоа не е одлука на Американската амбасада.

– Реакцијата беше да се преземе каква било акција, во негова надлежност е да го стори тоа. Но, нашата препорака, не е толку мислење дали тој треба да го направи тоа или не, туку дека која било акција што се презема, треба да се направи на начин што е промислен и кој е јасен и транспарентен за да разбере народот на оваа земја зошто се преземени активности и која е целта за целиот Совет. Тоа не е одлука за нас во Американската амбасада. Ние сме тука да ги поддржиме промислените одлуки што влијаат врз поширокото владеење на правото овде, вели американската амбасадорка.

Таа смета дека евроинтеграциите би биле од голема корист за земјава, и подвлекува дека за целосна интеграција во Европската Унија, важен дел е спроведување на реформите што се потребни за полноправно членство. дека за целосна интеграција во Европската Унија, важен дел е спроведување на реформите што се потребни за полноправно членство. Во однос на уставните измени кои се услов за продолжување на патот кон ЕУ, согласно францускиот предлог, а патот што води напред се билатералните односи со Бугарија таа вели: „Искрено, не сум сигурна дека вреди да се чека. И затоа се надевам дека оваа Влада ќе најде начин да оди напред што е можно побрзо и да почне да ги прави тие реформи. Да почнете да го правите тоа. Исто така, разбирам дека има домашни размислувања. И затоа не е мое да диктирам. Само се надевам дека тоа ќе се случи порано, а не подоцна“.

Tags: АгелерГруби
Next Post

Четири својства и особини на емоционално незрелите личности

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk