ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вилица од мастадон откопана во двор на куќа во Њујорк

December 18, 2024 13:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Државeн музеј на Њујорк

Фото: Државeн музеј на Њујорк

Комплетна мастодонска вилица била откопана во дворот на една куќа во Њујорк, според Државниот музеј на Њујорк, пренесува Си-Ен-Ен.

Вилицата, заедно со парче коска и фрагмент од ребро, беше ископана од тимови од Државниот музеј на Њујорк и Државниот универзитет во Њујорк Оринџ, откако еден сопственик на куќа во округот Оринџ, забележал „два необични заби сокриени во трева“ додека го уредувал дворот.

Според музејот, ова е првпат во последните 11 години вакво откритие да биде забележано во државата Њујорк. Повеќе од 150 фосили од мастодон се пронајдени ширум државата, околу една третина од оние во округот Оринџ, кој музејот го нарекува „жариште“ за наодите.

„Оваа мастодонска вилица дава единствена можност да се проучува екологијата на овој прекрасен вид, што ќе го подобри нашето разбирање за екосистемите од леденото доба од овој регион“, рече Роберт Феранец, директор за истражување и колекции на музејот и куратор на животните од леденото доба.

Мастодоните, далечни роднини на модерните слонови, живееле во Северна Америка од пред околу 3,75 милиони до 11.000 години. Возрасен мастодон бил висок помеѓу 2,5 до 3 метри и тежел дури шест тони.

Научниците веруваат дека комбинацијата на конкуренција за храна, климатските промени и прекумерниот лов од раните луѓе довело до нивно истребување.

Вилицата и придружните фрагменти пронајдени во Њујорк сега ќе бидат подложени на „ригорозна научна анализа, вклучувајќи јаглеродно датирање и реконструкција на исхраната“, се вели во соопштението на музејот, додавајќи дека историскиот наод ќе биде изложен на јавноста во 2025 година.

Подготви: Ј. Ѓ.

Tags: вилицамастадонЊујорк
Next Post

(ВИДЕО) Митрески до Кочоска: Цените растат, зошто не го прифатите предлогот за укинување на ДДВ на храна?

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk