Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Да не одговориш на ЕУ обврските и да не почнеш да отвораш реформски поглавја под некаков дебилен изговор за некаков загрозен македонски идентитет и за слични глупости не е ниту храброст ниту гордост туку е или кукавичлук или е пресметливо шиткање токму македонскиот идентитет и на македонските национални перспектива зашто еве, кажано и во оваа една реченица, битката за ЕУ не е во гледалиштето или на трибините туку е на сцената или на теренот па, оттука, и ДПМНЕ и Мицкоски треба да не дремат во публиката туку да се симнат на теренот каде што имаат две силни алатки да се спротивстават на евентуални натамошни бугарски шовинистички уцени и тоа, првата, да ги замрзанеме и, втората, ако дотаму дојде, дури и да ги напуштиме ЕУ преговорите па, и поради овие несоборливи факти, доста со плачки и доста со блефови туку ајде истрчајте на жешкиот ЕУ терен каде што се губат битки ама каде што единствено и можат да се добијат.