ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Премиера на претставата „Дедо Мраз во веселата шума“ на Кумановскиот театар

December 19, 2024 10:32
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Кумановскиот театар денеска со почеток во 18 часот во Центарот за култура, премиерно ќе ја изведе новогодишната детска претстава „Дедо Мраз во веселата шума“, информираа на денешната пресконференција  надлежните од установата. Во претставата играат Владанка Крстевски, Нина Максимова, Никица Јанковски и Марко Трајковиќ, а режисер е Кети Дончевска Илиќ. Претставата е работена со средства обезбедени од установата.

-Оваа година се одлучивме да создадеме новогодишна претстава, со која ќе ги израдуваме младите и ќе им ја потенцираме вербата во Дедо Мраз и во доброто, туку и ќе се потрудиме да ја донесеме новогодишната магија во нашиот град, изјави актерката Владанка Крстевски.

Актерот Никица Јанковски ќе ја игра улогата на весело зајче во претставата кое се обидува да направи итрини и смешни ситуации.

Улогата на Дедо Мраз годинава ќе му припадне на актерот Марко Трајковиќ, кој вели дека е задоволство да се прават претстави за деца.

– Навистина за кумановци, особено за малите, е посебно задоволство да се подготвува претстава за деца. Јас во оваа претстава ја имав улогата на режисер. Ние како колегиум одлично соработуваме и на крај можам да споделам огромно задоволство од процесот во кој ние уживавме, а верувам дека и публиката ќе ужива, изјави Дончевска Илиќ.

Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски кажа дека ова е последна претстава со која ќе се заокружи успешната 2024-та година, со шест премиери, четири поддржани од ресорното министерство и две реализирани од сопствени средства.

Сценографија за оваа претстава е на Крсто Богојевски, костимите се на Дарко Илиевски. Најмладите кумановци се заинтересирани за претставата, така што се распродадени билетите и за премиерата и за репризата.

Tags: Дедо Мраз во веселата шумаКумановски театар
Next Post

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да бегам од Србија

Најново

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026
Фото: NASA/Jessica Meir

НАСА: Артемис II ги исполни клучните цели, следува Артемис III

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk