ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каранфилова Пановска: Основани се сомнежите дека бегството на Груби е договорено меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

December 20, 2024 08:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Факт е дека Артан Груби не е во државата, факт е дека Артан Груби два дена откако е поднесена кривичната пријава исчезнува, дека слободно ја поминува границата и премногу сомнежи дека тоа не е случајно, нагласи заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 телевизија.

Каранфилова Пановска истакна дека Груби ја поминал северната граница со Косово, покажувајќи ги своите патни исправи, а при тоа службеникот којшто е на смена, не го проверил, иако има веќе забрана за премин на границата, а другите службениците, на граничниот премин имаат на себе камери кои во тој момент немаат батерии, односно камерите не работат.

-Се случиува дека главен раководител на контролата границата во тој момент е човек, којшто е од доверба на министерот Тошковски, именуван на таа функција минатиот месец, со решение. И дека тој истиот по настанот е на боледување, рече Каранфилова Пановска, додавајќи дека има доволно основани сомнежи дека заминувањето на Груби од државата не е случајно и не е само затоа што се направени пропусти.

Каранфилова Пановска нагласи дека СДСМ сега бара од министерот Тошковски, од министерството за внатрешни работа е да излезат комплетно со деталите за тоа како се случи Артан Груби да избега од државата.

Во спротивно апсолутно се основани нашите тврдења дека  бегството на Артан Груби е директен политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, додаде таа.

-Такви индиции за нивна политичка соработка веќе подолго време се очигледни и со тоа што се случува во Собранието, а и со тоа што се случува надвор од институциите и Собранието, со сите оние обиди де факто или наводно да се дестабилизира нашава држава со сите меѓуетнички тензии, коишто беа предизвикани, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 Телевизија.

Next Post

Насилници го нападнаа во Белград Драган Ѓилас, лидерот на опозициската ССП

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk