ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) СДСМ ги објави сите информации што ги има за пуштањето на Груби, бара оставка од Тошковски

December 20, 2024 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Денеска ќе ги објавиме сите информации кои пристигнаа до СДСМ, целата вистина за пуштањето на Артан Груби. СДСМ отворено се сомнева дека бегството на Груби не е никаков пропуст, туку станува збор за добро оранизирана работа од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со Тошковски на чело да се пушти Груби да избега, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

„Според изјава на министерот Тошковски кривичната пријава против Артан Груби е поднесена на 13-ти декември.  За неполни два дена потоа Груби слободно го поминува граничниот премин Блаце, односно на 15 ти декември. Ова значи дека Груби навреме добил дојава од внатре, од самото МВР со кое управува Тошковски. Иако била поставена полициска контрола на кружниот тек, полицајците немале никаква информација ниту кого треба да очекуваат, ниту со какво возило. Ова е прв сомнеж и јасен индикатор дека намерата не била да се спречи бегството туку да биде параван за де факто неговото пуштање надвор од државата“, истакна Кузеска.

Потсетуваме, вели Кузеска, дека Груби цело време додека е во земјава и додека ова се случува има лично полициско обезбедување кое е исто така под целосна надлежност на Тошковски.

Понатаму, на граничниот премин Блаце, Груби слободно ја минува границата, иако внимавајте бил ставен на стоп листата. Си го дал пасошот и слободно си поминал. Тоа покажува дека не е направена проверка во системот на граничниот премин.  Ова е секако уште еден индикатор дека кој ја поткрепува тезата за договорено пуштање. Прашањето не е како е можно туку кој го дозволил тоа на граничниот премин Блаце? И тука доаѓаме до клучниот момент. Службеникот којшто е поставен за контрола на граничниот премин, полицаецот Б.Ј  е поставен на таа позиција директно од Тошковски. Тој претходно извршува друга работна задача неповрзано со контролата на граничните премини. Последната информација која ја добивме и денеска ја објавуваме е дека полицаецот Б.Ј. добил преместување на граничниот премин Блаце од полициската станица во Чашка  по барање на Тошковски и тоа пред само неколку недели на 24.11.2024. Дали овој човек е донесен на Блаце токму со умисла да спроведе нешто што е потребно за Тошковски?

Спроед информациите, овој службеник во минатото бил често промовиран и преместуван токму од страна на ВМРО-ДПМНЕ а истиот има историја на прекршоци на работното место.

Прашањето е дали тој е всушност човекот кој е задолжен за извршување на вакви дела за потребите на ВМРО-ДПМНЕ?

Ова е буквално истата шема при бегството на Блерим Рамадани за којшто предупредувавме.

Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци и терорости а тоа се случува само поради целосната партизација којашто ја спроведе Тошковски“, истакна Кузеска.

– Ова се фактите, ова е вистината за бегството или поточно пуштањето на Артан Груби слободно да си замине од земјава. Министре Тошковски, станува збор за голем скандал и вие сте најповикани, треба да излезете и да си поднесете оставка, потенцира портпаролката Кузеска.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вчера се огласи за обвинувањата на СДСМ во врска со бегството на Артан Груби, по кој е распишана меѓународна потерница за случајот со Државна лотарија. Тој посочува дека МВР има видео запис за настанот, а на полицискиот службеник му е изречена суспензија.

Против истиот, вели Тошковски, наредниот ден се преземени сите истражни постапки и врз основа на истите е доставено известување до надлежното јавно обвинителство, а тоа е Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Поврзано: 

Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

 

Tags: ГрубиТошковски
Next Post

Шолц повика на воведување субвенции за електрични автомобили на ниво на ЕУ

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk