ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Препукувања ДУИ – ВЛЕН: Меѓу патот на достоинството и „нон грата“ групата што тоне

December 24, 2024 11:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Од новогодишен партиски коктел лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети бара Охридскиот договор да биде заштитен не само од ДУИ, туку и од ВРЕДИ (Влен), ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Тој ги повика и гласачит на владеачката коалиција на Албанците да им помогнат на претставниците и лидерите на коалицијата ВРЕДИ да се вратат, како што на нагласи, „на патот на достоинството и гордостa“.

– Нашиот народ, нашите браќа обединети околу ВЛЕН да ја одразат и бранат националната кауза (Охридскиот договор), затоа што тоа е кауза на старите и идните генерации. И не, и покрај тоа што сум политички противник, не сакам да ги гледам ВЛЕН и тие што гласале за нив засрамени. Сакам да апелирам како човек кој се борел и кој ја сака гордоста на својата нација. Сите тие гласачи нека им помогнат, нека ги охрабрат лидерите и претставниците на ВЛЕН заедно да се вратат на патот на достоинството и да ја заштитат гордоста, бидејќи Охридскиот договор не е договор кој мора да се брани само од Демократската унија за интеграција, само од „Фронтот за Европа“,тоа е вредност што мора да ја штитат сите – и од ВМРО и од СДСМ заедно со нивната коалиција, уште повеќе од оние што се обединија околу ВЛЕН. Не сакаме судири, но не можеме да молчиме без да ја кажеме вистината – ВМРО има традиција од минатото да регрутира аргати… Но, тие не се снајдоа добро. Државите што направија селекција на аргатите не напредуваа, не просперираа, рече Ахмети.

Претседателот на Движењето БЕСА – дел од коалицијата ВЛЕН, Билал Касами го прашува Ахмети на кој пат на достоинството треба да се вратат, на црната листа каде се „закачени“ Артан Груби и Рамиз Мерко?

– По кој пат да се вратиме Али Ахмети? На патот на Артан Груби, Рамиз Мерко…, патот на црната листа, патот на заостанатоста и без достоинство. Засрамен сте вие, што ја завршивте кариерата на најлош можен начин. Албанците би се чувствувале очајни доколку го продолжите патот на лошото владеење, што се докажува во многу наврати на штета на нивната иднина, реагираше Касами.

И лидерот на Демократското движење, дел од ВЛЕН, Изет Меџити, реагираше на прозивките на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Меџити вели дека Ахмети е „дефакторизиран и опкружен со фигури на црната листа“.

– Кога Али Ахмети зборува за слуги, тој тргнува од искуство. Зборува од прва рака, затоа што неговите соработници биле аргати и слуги луѓе кои ги менувале политичките интереси за коруптивни зделки. Како резултат на тоа, тие следбеници денес се на списоците „СТОП“ или во бегство, додека ДУИ се претвори во „нон грата“ група. Али Ахмети денес е делегитимиран, дефакторизиран и опкружен со фигури од црната листа. Затоа, квалификациите од типот „измеќари“ и „аргати“ се само очајнички обид да се зачува партиската структура која ја напушта ДУИ како патници на брод што тоне, реагира Меџити.

Дестан Јонузи

Tags: ВредиДУИ
Next Post

Отстранети неколку дови депонии во Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk