ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте на цедило, зошто доцни повратот на ДДВ?

December 26, 2024 14:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, а  се однесува на доцнењето на повратот на ДДВ кон компаниите и кога планираат да ги исплатат овие средства.

„Почитувана министерке Димитриеска-Кочоска, додека Владата се фали со унгарскиот кредит како решение за поддршка на стопанството, вистинската слика покажува дека односот на власта кон приватниот сектор е сериозно нарушен. Ликвидноста на компаниите е доведена во прашање, а економијата трпи директни последици. Освен задолжувањето од Унгарија,  доказ за ова е и доцнењето на повратот на ДДВ, кој во моментов изнесува околу 1,9 милијарди денари или приближно 31 милиони евра, кон средината на октомври долгот по основ на ДДВ кој го имавте изнесуваше околу 300 милиони денари, односно за два месеци имаме шестократно зголемување. Приватниот сектор, кој е клучен двигател на македонската економија, оставен е без поддршка и се соочува со сериозни финансиски притисоци. Затоа моето второ прашање повторно е за вас, односно зошто доцни повратот на ДДВ кон компаниите.

Повратот на ДДВ не е луксуз – тоа е основен механизам кој на компаниите им овозможува да функционираат непречено, да инвестираат и да ги исполнуваат своите финансиски обврски, вклучително и редовно да исплаќаат плати на своите вработени. Неговото доцнење ги става компаниите во ситуација да се справуваат со дополнителни финансиски трошоци, како камати за задоцнети плаќања, и сериозно ги ограничува нивните инвестициски капацитети. Владата ја враќа економијата назад во времето на селективно исплаќање на ДДВ, практика што беше карактеристична за периодот до 2016 година.

Приватниот сектор, кој е клучен двигател на македонската економија, сега е оставен на милост и немилост. Наместо да се градат системски и конзистентни услови за стопанството, се создава финансиски хаос кој ја разјадува долгорочната одржливост и довербата на бизнисите во државата.

Доцнењето на повратот на ДДВ е само врвот на ледениот брег од нарушувањето на ликвидноста на компаниите поради неподмирени обврски на државата. Ако погледнеме и кон доспеаните, но неплатени обврски на јавните претпријатија и институции, кои се очекува за неколку дена, до крајот на годинава, да достигнат астрономски една милијарда евра, тогаш станува јасно дека државата ја префрла својата неодговорност врз грбот на стопанството. Владата ги гуши компаниите кои работат со јавните институции и претпријатија, ги принудува на задолжување и ги става во позиција да ги жртвуваат инвестициите, развојот, па дури и работните места.

Овде се отвора прашањето за владините приоритети. Како може Владата да ја повлече целокупна сума од унгарскиот кредит веднаш, за која граѓаните почнаа да плаќаат камати, а истовремено да не ги обезбеди основните обврски како повратот на ДДВ?

Ве молам одговорете, зошто доцни повратот на ДДВ кон компаниите, кога планирате да ги исплатите овие средства, и како ќе ги спречите дополнителните штети за домашното стопанство кои ги предизвикува Владата?“, праша Битиќи.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, одговори дека поврат на ДДВ има за приватните фирми кај кои нема спорни предмети.

Кочоска кажа дека има поврат на ДДВ и тоа регуларно и дека може да се прашаат коморите, а дека таму каде што има спорни предмети додека тие не се решат нема да има исплата на поврат на ДДВ.

-Ако имаме компании кои правеле проневери, кои сме ги откриле и кои во моментот се во постапки, а имаме поврат кон ДДВ само кон една мала група од повеќе од две милијарди денари што очекувате дека треба повратот да расте или дека ќе го сопреме. Во која насока треба да оди? Повторно да ги прифаќаме фиктивните фактури и криминалот и да го финансираме? Вие сега тоа го зборувате?, рече Димитриеска Кочоска.

 

Tags: БитиќиГордана Димитриеска-Кочоскаддв
Next Post

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“ и ме следеле физички

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk