ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Објавена втората сезона на „Сквид гејм“

December 26, 2024 15:51
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Епизодите oд втората сезона на дистописката јужнокорејска ТВ-серија „Игра на лигњи“ – позната во светот како „Сквид гејм (Squid Game)“, се објавени денеска на платформата „Нетфликс“. Сценаристот-режисер Хванг Донг-Хјук по тој повод, вели дека станал рамнодушен, поточно „отрпнал“ кон екстремното насилство во серијата.

– За некои сцени, како оние кога вадат органи, мислам дека, да не бев јас тој што ги создаваше, веројатно самиот би ги покривал очите. Но, како креатор, морам да го визуелизирам она што сум го создал и напишал. Претпоставувам дека на некој начин сум малку „отрпнат“, но можам да кажам дека не сум тип кој лесно гледа такви експлицитни сцени, изјави Хванг за „Скај њуз“.

Замислена првично како филм, првата сезона излезе во 2021 година, како своевиден феномен за време на корона-карантинот и стана најгледаната нова серија на „Нетфликс“. Уште повеќе, 53-годишниот режисер влезе во историјата на „Еми“ наградите како првиот Азиец кој го добил одличјето за извонредна режија за драмска серија.

Ова се покажа како мудар потег за стрим-платформата, уште повеќе зашто сега на неа има понуда од 120 корејски серии и филмови.

Продолжението, чијашто приказна се одржува три години по победата на „Играчот 456“, се чини, носи голем број нови начини за „елиминирање“ и насилство врз натпреварувачите. Хванг јасно стави до знаење дека „Сквид гејм“ не е за деца – во светот и двете сезони се означени за лица со 15+, 16+, 18+ години, а во Јужна Кореја се обележани со 19+. Тој нагласи дека е против тоа – деца да ја гледаат серијата.

– Оние кои се „елиминирани“, така да кажам, или оние кои губат во натпреварот, имаат живот полн со болка и јас се обидов да го изразам тоа… Сепак, серијата е помалку насилна од вистинската криминална содржина – жанр што, исто така, доживеа експлозивна популарност за време на карантинот и во којшто „Нетфликс“ особено се истакнува, вели режисерот.

Тој, инаку, ги отфрли наводите дека успехот со серијата му донел богатство, како на богатите што ги сатиризира.

– Можеби сега сум во подобра состојба отколку порано, но мислам дека тоа нема да ме доведе до тоа богатство и ниво на влијание… Мојот приказ на оние кои ја злоупотребуваат својата екстремна финансиска или политичка моќ – ќе одекне во иднината. Би сакал да бидам запомнет како некој што предизвикува размислување, кој им отвора можност на луѓето да имаат позначајни разговори за такви теми, појасни Хванг.

Последната, трета сезона од серијата би требало да излезе следната година.

Next Post

Леќа што сама му нанесува лек на окото

Shortcut

Најново

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk