ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ: Почна процесот за изработка на нов Етички кодекс за новинарите и медиумите

December 27, 2024 16:44
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), почна процесот на консултации за изработка на нов етички кодекс за новинарите и медиумите. Новиот кодекс ќе ја замени постоечката верзија од 2001 година, со цел да ги одрази современите предизвици и потреби на новинарската и медиумската заедница, информираат од ЗНМ.

Како поддршка на процесот, појаснуваат, изработени се два важни документа, кои, како што велат,  обезбедуваат аналитичка основа и насоки за модернизација на етичките стандарди во новинарството.

Првиот, насловен, „Темелна ревизија на актуелните практики за етика во новинарството,“ според ЗНМ, ги анализира постојните предизвици и клучни слабости на постојниот кодекс, особено во делот на справување со дезинформации, говор на омраза и употреба на вештачката интелигенција, и нуди препораки околу зајакнување на транспарентноста, воведување на насоки за известување за ранливи групи и засилување на стандардите за проверка на фактите.

Вториот со наслов, „Од глобални искуства до локални стандарди: Етички предизвици и решенија во новинарството,“ нуди споредбена анализа на глобалните етички практики и предизвиците со кои се соочени медиумските саморегулаторни тела на земјите од Европа.

-Преку искуствата на етичките совети од повеќе европски земји, публикацијата укажува на предизвиците и предлозите за нивно решавања  како и насоки за подобрување во сферата на уредувачката независност, транспарентноста во финансирањето и справување со манипулативни медиумски практики. Особено внимание е посветено на етичките дилеми поврзани со употребата на новите технологии и алгоритмите, како и на потребата од заштита на малолетниците во медиумските содржини, велат од ЗНМ.

Додаваат дека консултациите остануваат отворени за сите медиумски професионалци, со цел да се создаде кодекс што ќе биде репрезентативен за сите сегменти на општеството.

Од ЗНМ велат дека процесот кој започнал во текот на втората половина на 2024 година, ќе продолжи во пролетните месеци во наредната година, со покана за активно вклучување на сите заинтересирани страни и поединци кои се подготвени да дадат вреден придонес во изработка на нов квалитетен етички кодекс кој ќе одговори на современите предизвици и ќе ја зајакне довербата на јавноста во медиумите. Првата нацрт верзија на документот ќе биде исто така објавена со цел сите заинтересирани да споделат коментари и размислувања.

Изработката на новиот етички кодекс се реализира во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ што го спроведува ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Tags: ЗНМкодекс за етикамедиуми
Next Post
Screenshot

По падот на авионот Азербејџан ерлајнс ги суспендира летовите до некои градови во Русија

Shortcut

Најново

Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk