ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Анализа на СДСМ: Со неспособност и слугување на бизнисот Мицкоски ги осиромаши граѓаните

December 29, 2024 11:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

– Во изминатите шест месеци, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, демонстрираше голема економска неспособноста и ја манифестираше својата поданичка политика кон трговците и бизнисот. Наместо да преземе мерки за заштита на граѓаните од растечките цени, Владата покажа целосна инертност, а последиците од оваа ароганција сè повеќе го осиромашуваат македонското општество. Од моментот кога Мицкоски ја презеде власта, цените на основните прехранбени производи почнаа постојано да растат. Ова го забележуваа граѓаните и алармираа на социјалните мрежи, истото го правеше од прв ден и СДСМ. Мицкоски, кој првично немаше намера и беше остро против мерки за намалување на цените, реши да воведе пропагндани попусти наречени „кошнички“, соопштуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека „Мицкоски добро знаеше дека мерките на СДСМ од времето на кризата функционираат, но за да се воведат потребна е искрена намера да се спротистави на трговците кои нема да бидат среќни со мерките. Мицкоски очигледно немаше ниту храброст, а веројанто има и многу голем долг кон бизнисот, па наместо реални мерки кои ќе го стабилизираат пазарот и ќе обезбедат заштита за граѓаните, тој буквално ги остави да прават што сакаат. Тоа се препозна кога Министерот за економија рече дека нема да има казни за трговците, туку направиле „џентлменски договор“ и очекуваат да се почитува“.

„Оттука се влече само еден заклучок, или Владата е целосно наивна или ги лаже дебело граѓаните, затоа што никој не верува дека таквиот договор ќе се почитува. Во време на трите последователни кризи, СДСМ и министрите од Владата „водеа војни“ со бизнисот за да дојдат до реално намалување на цените. Но, Мицкоски очигледно не е лидер, а поверојатно длабоко должен на бизнисот и елитата и таквите политики нема храброст да ги спроведува. Откако Мицкоски увиде дека оваа политки му се удира од глава, најави нова „робусна“ акција за наводни казни. Последната изјава на Мицкоски, дека е „срамота“ тоа што го прават трговците, е апсолутно лицемерна. Наместо да преземе конкретни мерки, како укинување на ДДВ за основните производи или воведување казни за непочитување на договорените цени, Мицкоски одлучи да „апелира“ до трговците. Овој пристап јасно укажува на поданичка позиција кон бизнис интересите. Додека се случува ова фемкање на Мицкоски и страв од трговците, секојдневните трошоци растат, а сметките се зголемуваат. Паралелно, ниту платите пораснаа, ниту Владата има реален концепт за раст на плати кој ќе значи загарантиран системски раст како што тоа го воведе СДСМ. Да бидеме реални, објективно тоа се политики кои ги преферира оваа Влада. Како резултат на економската политика на Владата, оваа Нова година многу семејства ќе ја дочекаат со поскромни трпези и намалена сигурност“, велат од СДСМ.

Политики за елитата, а не за граѓаните

Тие нагласуваат дека „политиките на Мицкоски се јасно насочени кон заштита на интересите на трговците и економската елита. Додека 99% од граѓаните сè повеќе се борат со зголемените трошоци за живот, 1% – оние блиски до власта – профитираат на нивна сметка. Лицемерно, Мицкоски водеше кампања дека е „човек од народот“, но реалноста воопшто не е таква. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги штителе богатите и самиот Мицкоски е дел од таа елита, додека а на граѓаните „им фрлале коски“ за да го заштита социјалниот мир. Оваа Влада на Мицкоски е капиталистичка Влада во својата најлоша форма“.

Одбивање на ефективни мерки и пропаѓање на системот

„Иако СДСМ предложи низа мерки за подобрување на животниот стандард – како зголемување на минималната и просечната плата, укинување на ДДВ за основните производи и воспоставување контрола врз цените – сите тие беа одбиени од страна на ВМРО-ДПМНЕ со невидена тврдоглавост. Оваа политика на игнорирање на предлозите, дури и кога тие се во интерес на граѓаните, е доказ за неспособноста и ароганцијата на владејачката структура. Арогантниот однос на власта и нејзината неспособност да воведе функционални мерки за намалување на цените ги доведоа граѓаните во состојба на економска несигурност. Владата не само што не ги препознава реалните потреби на граѓаните, туку со својата поданичка политика им дозволува на трговците и бизнисот да профитираат на маката на луѓето. На прашањето дали се работи за неспособност или за отплаќање на долгови кон бизнисот, граѓаните веќе го имаат одговорот. Едно е сигурно – ваквата политика мора да престане ако сакаме да го вратиме економскиот баланс и да обезбедиме подобар стандард за сите граѓани“, се наведува во анализата од СДСМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk