ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ е против укинувањето на „недела неработен ден“

December 29, 2024 13:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Шест месеци Влада на ДПМНЕ и Мицкоски беа доволни за да видиме како се уриваат стекнатите права на работниците, како им се погазува достоинството и им се намалува животниот стандард. Граѓаните, работниците се соочуваат со економска несигурност и постојано осиромашување. Додека сè поскапува, работниците не можат да се ги дозволат ниту основните производи пред празниците, платите се заковани и не мрдаат. Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат политики за елитатата а работниците ги третираат како евтина работа сила. Власта не прифаќа покачување на минималната плата, им удоволува на големите трговци и бизнис партнери кои се богатат на грбот на народот. Како тоа да не е доволно, власта подготвува нов удар врз работниците: укинување на „недела неработен ден“, истакна на денешната прес-конференција, Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

Овој проект, вели Костова, СДСМ го воведе за да им овозможи на стотици илјади работници гарантиран слободен ден, да имаат повеќе време за нив и за нивните семејства. Оваа политика беше поздравена од граѓаните и работниците, а сега се доведува во прашање под притисок на трговците и бизнис интересите на власта, нагласи таа.

Костова посочи дека „со оваа одлука Мицкоски и ДПМНЕ директно го потценуваат трудот на работниците и ја негираат важноста на нивниот одмор и времето за семејството“.

„Во време кога во општеството се соочува со се поголеми предизвици во самите семејства, девијантни однесувања, сегрегацијата, булинг во училиштата оваа одлука е крајно лоша и со големи негативни последици за општеството. Власта сака од работниците да направи робови кои ќе работат за елитата и бизнис партнерите на Мицкоски да се богатат и да уживаат. Изговорите на власта дека во одредени дејности и сега се работи и дека поради тоа треба сите да работат во недела воопшто се неиздржани. Прво, работат мал број на дејности во кои производство е во таков процес да не смее да се прекине, работат аптеки, пекари и така натаму. Целите на секоја Влада треба да биде намалување на овие дејности а не зголемување. Затоа, СДСМ е категорично против укинувањето на недела неработен ден, тоа е директен удар врз работниците, нивното достоинство и нивното слободно време. ДПМНЕ мора да престане со сервилноста кон елитата и да започне да работи во интерес на народот.  Ние како партија остануваме цврсто на страната на граѓаните, на страна на работниците бранејќи ги нивните права и интереси“, истакна потпретседателката на СДСМ.

Поврзано: 

Мицкоски за „недела неработен ден“: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

 

 

Tags: Кристина Костованедела неработен денСДСМ
Next Post

Почина Јагнула Куновска

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk