Повторно во општина Аеродром, Скопје, околу контејнерите за собирање на отпад се создаваат опасни депонии.
Фотографиите во прилогот се од улицата Фрањо Клуз во Општина Аеродром, во близина на основното училиште Блаже Конески.
Граѓаните од околните згради со кои контактираше Фронтлајн немаат одговор зошто во континуитет се запоставува чистењето на контејнерите и се создава дива депонија непосредно до основно училиште каде секојдневно поминуваат деца.
– Што да речам – срамота!, е најчестиот одговор на аеродромци.
Фото: Фронтлајн
Ј. Ѓ.










