Во израелски воздушен напад врз шаторски камп во кој се сместени раселените семејства во јужниот дел на Газа загинаа најмалку 11 Палестинци, вклучително и началникот на полициските сили на територијата под контрола на Хамас, велат медицинските лица, пренесе Би-Би-Си.
Според нив, три деца и две жени се меѓу загинатите во Ал-Маваси, западно од градот Кан Јунис.
Министерството за внатрешни работи, управувано од Хамас, го осуди, како што го нарече, „атентатот“ на генералниот директор на полицијата Махмуд Салах и неговиот помошник Хусам Шахван, за кои рече дека „ја извршувале својата хуманитарна и национална должност“.
Од Израелската војска соопштуваат дека ги разгледуваат извештаите.
Војската го прогласи песочниот појас долж брегот во Ал-Маваси за „хуманитарна зона“ за Палестинците раселени поради војната со Хамас. Но, таа постојано го напаѓаше, обвинувајќи ги оперативците на Хамас дека се кријат меѓу раселените цивили.
Студеното и влажно време видно ги влоши условите во импровизираниот камп.
Во изминатиот ден, имаше и смртоносни израелски воздушни напади во предградие на градот Газа, посеверно во Џабалија и во Буреиј во централна Газа – од каде што израелската војска соопшти дека ракети биле истрелани кон јужен Израел на самиот почеток на нова година.
Д. Т. / Цивил Медиа