ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Белгиски градоначалници бараат сеевропска забрана за продажба на пиротехника

January 3, 2025 11:54
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на фламанските градови и општини (ВВСГ) повикаа на воведување на забрана на продажбата на пиротехнички материјали на физички лица на ниво на Европската Унија.

Ваквото барање следи по повеќето инциденти и повреди со пиротехнички материјали за време на новогодишните прослави изминативе неколку години.

– Од година во година гледаме дека има жртви, дека луѓето се здобиваат со повредени на нозете и рацете, изјави претставничката на покренувачите на иницијативата Натали Дебаст.

Покрај ова, според неа, ескалираат и случаи кога пиротехниката се користи за напади врз припадници на службите за итни случаи и врз полицајци.

Неколку белгиски општини веќе воведоа локални забрани за продажба на пиротехнички материјали, иако, според ВВСГ, ваква забрана во Белгија требало да биде воведена на национално ниво.

Меѓу локалните самоуправи кои воведоа вакви забрани годинава беше и Градот Брисел, но тоа не ја спречи употребата на пиротехника во текот на новогодишната ноќ. Бриселската полиција регистрирала над 1.700 „инциденти“ поврзани со пиротехнички материјали, а само во текот на новогодишната ноќ во Брисел биле приведени 159 лица поради користење пиротехника.

Поради ваквите искуства, ВВСГ оценува дека локални или национални забрани не се доволни за справување со проблемот, туку дека е потребно „европско ембарго за продажба“ на пиротехнички материјали.

Според ВВСГ, оваа забрана за продажба треба да важи во сите земји членки на ЕУ, со цел да се спречи луѓето да можат да набавуваат пиротехника во соседните држави.

ВВСГ соопшти дека во врска со нивната иницијатива веќе контактирале со претставници на белгиските федерални власти, а сега имаат намера да го сторат тоа и со партнерските организации во соседните земји, со Европскиот комитет на регионите и со Европскиот парламент.

Но, организацијата Глобална акција во интерес на животните (ГАИА) изразува скептицизам околу ефикасноста на ваквата мерка.

Според директорката на ГАИА, Ен де Гриф барањата од типот „Европа мора да се справи со тоа“, вообичаено се само изговор за политичарите да не преземат ништо во нивната земја членка на ЕУ.

– Се надевам дека Белгија конечно ќе ја забрани пиротехниката, бидејќи на новогодишната ноќ повторно имаше животински жртви. Убиено е куче, крава имаше срцев удар, има убиени коњи. Е па доста е, изјави Де Гриф, додавајќи дека сега „топката е на теренот на белгиската Влада“.

Next Post

Двајца полицајци повредени во експлозија пред зграда на полицијата во Берлин

EVN

НАЈНОВО

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња „аптамил АР 2“, потрошувачите што ја купиле да не ја користат или да ја вратат

January 27, 2026

Орце Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе стане жива културна сцена на градот

January 27, 2026

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk