Фронтлајн во рубриката за сатира – АХА! само во 2024 година има објавено повеќе од 50 авторски сатирични содржини. Тие се едни од најчитаните текстови на ПРВАТА ЛИНИЈА.
За сатирата ќе речат:
Борис Дежуловиќ: Сатирата во суштина е ширење лажни вести за да се каже вистината.
Иван Карадак: И Господ да е на власт, сатирата е литература на отпорот и ќе најде за што да зборува.
Дарко Марковиќ: Хуморот и сатирата се последните скали до вистината, таква каква е…”
Васил Толовски: Никако да ми оддадат признание за врвен сатиричар! Сè уште ме нема на ниту една црна листа!
Бранко Тричковски: Општеството од кое е испразнета сатирата е мртво.
Ненад Стевовиќ: Не можете да убиете сатира, нејзиното оружје е посилно од вашето.
Јане Ѓорѓиоски РИБАРО: Не се занимавам со пишување сатира, таа се занимава со мене.
Ристо Џанговски: Тие што не знаат да ја читаат сатирата, ја злоупотребуваат и користат како повод за некои дејствија не сфаќајќи дека сатирата токму нив, и сличните на нив, ги исмева.
Ѕвездан Георгиевски: Она што ја убива сатирата, е политичката коректност. Идејата на сатирата е да се критикува и да ја потсмева моќта – влада, црква, економски естаблишмент, а не да се занимавам со портирот.
Ирена Павлова Де Одорико: Хуморот треба да ни се допадне. Сатирата, мора да нè боцне. И, треба да го издржиме тоа. Само така, се обновува- самосвеста.
Марија Каева: Поддршка за Сатирата како основно човечко право!
Во продолжение најчитаните 10 сатирични текстови на ПРВАТА ЛИНИЈА во 2024 година:
1. Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо (41.161 прегледи)
Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо
2. Што ѝ порачал Папата: Quo Vadis Гога?
3. Од каде да знам колку е цена на бурек, па тоа е храна за сиротиња
Мицкоски: Од каде да знам колку е цена на бурек, па тоа е храна за сиротиња
4. Орбан побарал од Мицкоски резиденција на Калето до американската амбасада
Орбан побарал од Мицкоски резиденција на Калето до американската амбасада
5. МПЦ ќе ги донира на граѓаните своите џипови, плацеви и црковните пари
МПЦ ќе ги донира на граѓаните своите џипови, плацеви и црковните пари
6. Автобуси за скопјани ќе има, ама кога јас ќе сакам!
7. И на народот „нека му е со среќа!“ со мене
8. Мигрантите што јаделе домашни миленици го изеле и македонското знаме во Софија
Мигрантите што јаделе домашни миленици го изеле и македонското знаме во Софија
9. Бехтел и Енкааа-аха-ха-ха-ха
10. Кампања на Владата – Си играме мајтап со вас!
Редакција Фронтлајн