ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Итконен: ЕК е во контакт со сите страни засегнати од прекинот на транзит на руски гас преку Украина

January 8, 2025 16:21
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија одржува контакти на политичко и на техничко ниво со сите страни засегнати од истекот на Договорот за транзит на руски гас преку украинска територија, изјави денеска портпаролката на ЕК за клима, енергија, домување, животна средина и оданочување Ана-Кајза Итконен.

– Европската комисија правеше и продолжува да прави се во врска со завршувањето на Договор за транзит и е во контакт со земјите членки кои се најпогодени од тоа, како и со Украина и секако Молдавија, изјави Итконен во одговор на прашање за потврда да информацијата од Братислава дека денеска требало да се одржи средба меѓу претставници на ЕУ, Словачка и Украина околу ова прашање, но дека таа е откажана откако украинската страна соопштила оти нема да присуствува на неа.

Без да ја потврди или негираа оваа информација, Итконен само потсети дека минатата недела се одржал состанок на Координативната група околу надминување на проблемите предизвикани со прекинот на дистрибуцијата на гас преку територијата на Украина, додавајќи дека доколку има нови детали за ова прашање Еврокомисијата ќе ја информира јавноста преку вообичаените канали за комуникација.

Итконен нагласи дека ЕУ нема проблеми во снабдувањето и обезбедувањето на гас, посочувајќи дека исполнетоста на резервите на енергенсот се на ниво од околу 70 отсто и тие се повисоки од просекот од пред почетокот на руската инвазија врз Украина.

Според неа, ЕК продолжува да работи со земјите членки на ЕУ и државите во регионот не само околу снабдувањето со гас, тука и за други прашања поврзани со енергијата на глобално ниво, како и дека ќе претстави Патоказ за целосен прекин на увозот на фосилни горива од Русија.

Next Post

Хипер: Колку повеќе трошиме за одбрана, толку повеќе го намалуваме ризикот

EVN

НАЈНОВО

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис – 14 и 15 февруари

February 14, 2026
генерирано со ВИ

Макрон: Наскоро ќе бидат познати деталите од разговорите со Германија за нуклеарното оружје

February 13, 2026
Фото: Скриншот

Вучиќ од Минхен: Србија е сериозно загрозена од воената соработка меѓу Косово, Хрватска и Албанија

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk