ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Хоџиќ за ЦивилМедиа: Политичката кариера на Додик е пред крај, тој не е во состојба да ги спроведе великосрпските и руските аспирации на Балканот

January 9, 2025 14:21
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат тензиите во Босна и Херцеговина, што неизбежно има влијание врз стабилноста на целиот регион на Западен Балкан. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, продолжува со својата агенда за дестабилизација на БиХ и регионот. Тоа се потврдува и со изјавата дека отцепувањето на Република Српска е „света задача“ што ја даде за локалната телевизија РТРС. Изјава и политиките на верниот следбеник на рускиот диктатор Путин, беа повод за ова ексклузивно интервју на ЦивилМедиа со Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, во јавноста познат и како колумнист и активист за човекови права.

ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА: Како ја оценувате изјавата на Додик дека отцепувањето на Република Српска од Босна и Херцеговина е „света задача“? Иако ваквите изјави не се ни оддалеку изненадување кога се работи за Додик, но во јавноста како да изостанува дискусија, а уште помалку осуда за овие тенденции. Што стои зад таа изјава на Додик?

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ: Изјавите на Милорад Додик дека отцепувањето на помалиот ентитет на БиХ е света задача се еден континуитет на негови изјави кои му ја одбележаа политичката кариера, но преставуваат и континуирана цел на великосрпската политика.

Поделбата на Босна и Херцеговина беше цел и на Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ. За да ја исполнат таа цел, овие тројца започнаа војна против независноста на Босна и Херцеговина, а во текот на таа војна извршија геноцид врз Бошњаците. Единствен геноцид на тлото на Европа после Втората светска војна досега. Дури по завршетокот на агресијата на Русија врз Украина ќе се докажува евентуален геноцид на великоруската политика на Путин врз Украинците. И како што знаете, отпорот на Бошњаците и босанските патриоти не дозволи поделба на БиХ. Додека Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, како и нивната политика, завршија како воени злосторници во меѓународниот суд во Хаг.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали мислите дека целта на Додик е остварлива?

ХОЏИЌ: Прашањето е, ако целта за поделба на БиХ не им успеа на многу помоќните Милошевиќ, Караџиќ и Младиќ, зошто Милорад Додик мисли дека токму тој сега може да ја спроведе таа цел? Мојата теза е дека тој знае дека таа политика повторно ќе биде поразена од босанските патриоти, но него во конфликт го турка токму агресорот Путин.

Знаете, додека цел демократски свет го изолира Путин, Милорад Додик одеше на редовни средби и координации во Москва. Одамна не е тајна, дури и демократските опозициски структури во Србија со огорченост зборуваа за плановите на Путин преку великосрпската политика да произведат нов конфликт на Западен Балкан – БиХ, Црна Гора, Косово.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали Босна и Херцеговина има капацитет да се справи со екстремизмот на Додик и неговите планови да ја отцепи Република Српска?

ХОЏИЌ: Денес, за разлика од почеток на 90-тите години, Босна и Херцеговина и нејзините патриоти се многу повеќе организирани. Прво, искуствата од отпорот и одбранбената војна од 90-тите сѐ уште се свежи. Второ, денес на меѓународен план Босна и Херцеговина има многу повеќе пријатели од периодот кога се стекнуваше независноста. Трето, денес БиХ има своја сериозна наменска индустрија која произведува оружје и за извоз низ целиот свет, а тоа не беше случај во почеток на 90-тите. Четврто, вмрежувањето на пријателите на БиХ и босанските патриоти е многу полесно со денешните технологии.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се Вашите прогнози за Милорад Додик? Каква е неговата иднина?

ХОЏИЌ: Мојата прогноза за Милорад Додик, кој сето ова го знае, е дека, сепак, неговата политичка кариера е на самиот крај. Тој и неговото семејство се на црните листи на САД и Велика Британија, во Европа има поддршка само од Орбан и останатите ултрадесничари, па нема сила да влезе на крајот од кариерата во авантурите кои од него ги бара Путин. Доколку во некој очајнички потез сепак го направи тоа, неговата политика ќе биде уште поефикасно поразена, отколку своевремено политиката на Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.

Не заборавајте, НАТО сојузот, најголемиот воено-безбедносен сојуз на светот, официјално има три воени интервенции. Првите две воени интервенции се врз целите на великосрпската политика во БиХ и Косово, а третата интервенција е врз целите на политиката на Талибанците.

Разговорот го водеше: Џабир Дерала / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk