ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

„Тикток“ веќе има своја замена

January 9, 2025 16:01
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Апликацијата „Тикток“ наскоро може да биде забранета во САД, па резервниот план развиен од компанијата „Бјyтденс“ за ова сценарио, веќе почна да се спроведува. Имено, според познавачи, кинеската платформа веќе „ги турка“ своите американски корисници кон „Лемон-8“, апликација којашто е во сопственост на истата компанија.

Сепак, сѐ поизвесно е дека Законот за забрана на „Тикток“ ќе ги вклучува и сите други апликации во сопственост на кинеската компанија, иако според наводите, „Бјyтденс“ се надева дека тој ќе биде насочен на забраната на главната апликација.

Компанијата претходно разви систем каде што корисниците на „Тикток“ кои се регистрираат на „Лемон-8“ ги задржуваат сите свои следачи, а нивните профили на двете апликации се поврзани.

Инаку, „Лемон-8“ наликува на попознатата проограма, со тоа што заедно со видеообјавите може да се прикачуваат и фотографии, како на „Пинтерест“ или „Инстаграм“.

Предлог-законот за забрана на „Тикток“ беше поднесен во американскиот Конгрес во март лани, а ја доби поддршката од двете големи американски партии. Според сегашната состојба, „Тикток“ ќе биде официјално забранет на 19 јануари оваа година, иако постои можност – новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп да се обиде да го блокира спроведувањето со испраќање жалба до Врховниот суд.

Причината за можната забрана на „Тикток“ во САД е тоа што компанијата „Бјyтденс“ е поврзана со Кинеската комунистичка партија, којашто раководи со Кина. Доколку платформата ѝ се продаде на компанија што не доаѓа од Кина, односно ги нема тие врски со Владата на кинескиот претседател Ши Џинпинг, таа би можела да продолжи со својата работа во САД.

Tags: заменаТикТок
Next Post

Арми Хамер ѝ се враќа на филмската сцена

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 11 мај 2026: Ден за интуиција и внатрешен мир

May 11, 2026
Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk