ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“

January 11, 2025 10:20
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници луѓе излегоа синоќа на улиците на Братислава и другите градови низ Словачка за да го покажат своето противење на приближувањето на словачката Влада кон Москва и покрај руската инвазија на Украина.

Словачкиот премиер Роберт Фицо, националист и еден од ретките сојузници на Кремљ во Европската унија, ги зајакнува врските со Москва и ја суспендираше сета воена помош за Украина откако се врати на власт во октомври 2023 година, наведуваат француските медиуми.

Тој неодамна ја посети руската престолнина за да се сретне со претседателот Владимир Путин по одлуката на Украина да го прекине транзитот на руски гас преку нејзината територија, што ја снабдува Европа преку Словачка.

„Ова е Европа!“, „Ајде да се срамиме од Фицо!“, „Нема да ја дадеме Словачка“, скандираа илјадници демонстранти на централниот плоштад во Братислава.

Владислав Кмец, 49-годишен учител, изјави дека е загрижен за иднината на Словачка.

„Ова не оди добро. Идеално би било оваа влада да биде соборена и да се одржат предвремени избори“, рече тој.

„Свртувањето кон исток е голем чекор наназад“, рече Даниела Краликова, исто така демонстрантка. „Насоката во која оди нашата земја е неприфатлива… Јас сум некој кој верува во напредок и не се согласувам да се враќам во минатото“, додаде оваа 26-годишна жена која организира конференции.

Движењето наречено „Мир за Украина“ на Фејсбук напиша дека организира протести на тема „Словачка е Европа“ со цел да покаже дека земјата „не е Русија, туку е демократска и суверена држава“.

Локалните медиуми јавија за протести во десетина словачки градови.

Коорганизаторката на протестите Луција Стаселова рече дека владата на Фицо „ја вовлекува Словачка во руската зона на влијание и се обидува да ги прекине врските со нашите сојузници, претпочитајќи добри односи со Русија“.

Фицо вчера во словачкиот Парламент рече дека рускиот претседател Владимир Путин му ветил руски гас за Словачка.

Европа продолжува да прима руски гас преку гасоводот Турски тек, како и течен гас што се транспортира по морски пат.

Фицо и се закани на Украина, по затворањето на гасоводот што минува низ нејзина територија, дека за возврат ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија на оваа земја која е во војна и чија енергетска инфраструктура е цел на руски бомбардирања, како и хуманитарна помош. Тој, исто така, се закани дека ќе ја прекине помошта за украинските воени бегалци на територијата на Словачка.

Next Post

Црните кутии на авионот на „Џеџу Ер“ не содржат податоци за последните четири минути од летот

EVN

НАЈНОВО

Тимоти Редмонд и Даглас Маринер со 30 млади европски музичари на 17 февруари во Македонската филхармонија

February 13, 2026

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

February 13, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Македонија ќе ги укине царините за американските производи, САД задржуваат 15% за македонските и нулта тарифа за некои производи

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk