Кејт Мидлтон ги изненади пациентите со рак во истата болница каде што се лекуваше минатата година.
Принцезата од Велс (43) денеска направи редок јавен излет во болницата Марсден во Лондон.
За време на нејзината посета, Кејт им се заблагодари на вработените во болницата за нивната грижа и поддршка по нејзината дијагноза на рак минатата година, како и за средбата со оние кои моментално минуваат низ лекување.
Принцезата не само што ја посети болницата за да ја покаже својата благодарност до персоналот, туку ја нагласи и грижата што ја дава болницата.
„Третманите се навистина толку различни и толку разновидни, што различно влијае на семејствата“, рече принцезата за Би-Би-Си.
Портпаролот на Кенсингтонската палата рече дека принцезата сакала да ја направи моваа посета за да ја покаже својата благодарност кон неверојатниот тим, но и да ја истакне водечката светска грижа и третман што ги обезбедува Марсден“.
Набргу по нејзината посета, Кенсингтонската палата објави дека Кејт и нејзиниот сопруг принцот Вилијам станале заеднички покровители на фондацијата „The Royal Marsden NHS Foundation“.
Ј. Ѓ.