Македонската ракометна репрезентација во првиот натпревар на Светското ракометно првенство, освои голем бод против фаворитот Унгарија.
Македонските ракометари на 30 секунди во финишот на натпреварот имаа гол предност, но сепак Унгарците успеаа да го изедначат резултатот на 27:27.
По нерешените 14-14 на полувреме, второто полувреме се играше гол за гол, а резултатот почна да се крши во последните 2-3 минути. Кузмановски погоди за 26-27 на минута и пол до крајот, а Митревски го одбрани следниот напад на Унгарците. Сепак и ние ја загубивме топката заради пасивен напад, а Унгарците преку Илиќ израмнија на 27-27 во последните секунди.
Најдобар стрелец во нашата репрезентација беше капитенот Филип Кузмановски кој постигна 9 голови.
Извонредна партија на голот имаше голманот Никола Митревски, кој забележа 12 одбрани.
Во салата во Вараждин, македонските репрезентативци имаа голема поддршка од македонските навивачи.
Утре е слободсен ден за македонските репрезентативци, а во петок од 18 часот следи дуелот против Холандија.
Ј. Ѓ.