Во натпреварот од Евролигата во арената во Белград, каде кошаркарите на Црвена звезда беа поразени од Фенербахче со 91:96., навивачите на Црвена звезда скандираа навреди кон Кристофер Хил, американскиот амбасадор во Србија, кој е пред пензионирање и заминување од таа земја.
Тие скандираа „Косово е Србија“ и развија знаме со истиот натпис, упатувајќи низа навреди кон Хил.
— Ricardo Kaka (@rikardons) January 15, 2025
Српските медиуми пишуваат дека Хил ја напуштил арената на полувремето. Како што наведуваат навредите кон него не се единствената причина за ова. Се додава дека навивачите на Црвена звезда директно се упатиле кон неговата ложа. Во еден момент реагирала српската жандармерија и ги смирувала навивачите.