ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Полицијата со сила избрка советници и пратеници кои го блокираа градското собрание во Нови Сад

January 17, 2025 16:09
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Полициски службеници со употреба на сила  избркаа 30-на опозициски советници и пратеници од Градското собрание во Нови Сад кои утрово влегоа и ја блокираа институцијата. Полицијата насилно избрка и новинари кои известуваа од Градското собрание, а во еден момент при пресметка со полицијата било скршено стаклото на влезната врата, јави Бета.

Опозиционерите скандираа „Србија, Нови Сад, стани сега!“ и „Фрлете ги униформите!“
Пред Градското собрание се уште е присутна полицијата и жандармеријата. Неколку градски советници од Нови Сад и пратеници во Собранието на Војводина рано денеска го блокираа градското собрание во Нови Сад.

„Ако повикуваме на генерален штрајк, мора да штрајкуваме и политички“, велат тие и најавија дека ќе ја блокираат работата на Градското собрание кое е седиште на градоначалникот и градската власт.

„Ги блокираме институциите како повик за штрајк. Опозицијата се приклучува кон штрајкот, ги блокираме политичките институции. Од денеска градот е блокиран. Остануваме во Градското собрание до дополнително известување. Додека нема одговорни, нема ни да работи. Нема да дозволиме веќе никој да не гази: да го крвари знамето на Нови Сад  нашата Војводина, нашата Србија“, порачаа во директен пренос на социјалните мрежи.

Тие ги повикаа сите советници и пратеници да го сторат истото и да започнат со масовни блокади на институциите и штрајк.

Според српски медиуми полицијата го привела одброникот на опозициското Граѓанско движење „Браво“ Миран Погачар.

Во меѓувреме, на повеќе локации во Белград, Нови Сад, Ниш, Краљево и Ужице, граѓаните во Србија денеска им оддадоа почит на загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад.

Студентите блокираа улици во Белград и носеа транспаренти „Слушате ли колку гласно молчиме“, и транспарент со цртеж на дворски шут и натписи од медиумите Пинк, Хепи, Информер и РТС.

Ширум Србија граѓаните застанаа во 11:52 часот и се вклучија во петнаесетминутната акција за оддавање почит, јави Бета.

Претставниците на иницијативата „Проглас“ ги повикаа луѓето да учествуваат денеска во акцијата наречена „Застани Србија – застани за студентите“ во Белград, Нови Сад, Краљево, Смедерево, Сремска Митровица и Ваљево.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk