ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Синдикатот на УПОЗ на протест пред Министерството за финансии

January 17, 2025 09:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска ќе одржи протест пред Министерството за финансии. Како што е најавено, протестот ќе трае од 11:00 – 12:00 часот.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски вчера, на предупредувачкиот получасовен протест пред Државниот завод за статистика, изјави дека 988 вработени се уште немаат земено плата за декември иако е истечен законскиот рок.

-Се работи за вработените во сите инспекторати во државата. Поради доцнење на Министерството за финансии кое навреме не ги презеде обврските согласно законските измени, оставени се 988 вработени без плата, без вратени кредити, без платени сметки во најдолгиот месец од годината. Вчера истече и законскиот рок за исплата на плата која се исплаќа најдоцна до 15-от ден во месецот и се уште нема информација кога и дали овие вработени ќе добијат плата, рече Деаноски.

Завчера Владата го повика УПОЗ на разговор за, како што наведе, изнаоѓање решенија. Притоа потенцира дека платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани. Владата изрази и жалење што УПОЗ одбра да протестира иако е дел од Економско-социјалниот совет каде се дискутира за сите предизвици.

-Докажавме и покажавме дека сме партнер на работниците. Подготвени сме да седнеме на маса и да ги разгледаме сите предлози од страна на синдикатите.  Доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор за изнаоѓање решенија. Во спротивно, останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација која одработува за нечии партиски интереси и за собирање ситни политички поени на грбот на граѓаните. Отворени сме за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог. Протестите не се најдобриот начин на комуникација, а секој предлог или сугестија од синдикатите се дискутира за да се изнајде решение прифатливо и во интерес на граѓаните, истакна Владата.

Според Владата, штрајкот како прво решение не е легитимен чекор и покажува политичка инструираност, а протестите се малициозни и политички мотивирани.

-Владата останува посветена на носење одлуки во интерес на сите граѓани и на зголемување на платите на вработените, но најдобар начин за изнаоѓање решение на проблемите и различните ставови е преку разговори, подвлече Владата.

Владата вечерва со почеток во 21:00 часот, ќе ја одржи редовната 32-ра седница.

Потсети и дека минатата година, и покрај наследената „катастрофална состојба“, заедно со синдикатите беше постигнат договор за покачување на платите во здравството и образованието.

-Претходната влада при подготовка на Буџетот за 2024 година не предвиде средства за исплата на К-15 на вработените во администрацијата, додека оваа Влада ги предвиде со ребалансот на Буџетот и исплати К-15 за 84 000 вработени во вредност од една милијарда денари, истакна Владата.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски претходно, на протестот пред пред Министерството за култура, изјави дека ќе биде залуден секој обид од страна на Владата или политичките партии да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот.

Протестите на Синдикатот на УПОЗ почнаа во вторникот пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Тогаш Деаноски најави дека ќе продолжат секој ден, од 11 до 11:30 часот, како и дека во петок протестот ќе трае еден час, од 11:00 – 12:00 на пладне.

Next Post

Вонреден инспекциски надзор за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Од „Трамп Србине“ до осуда: зошто српските режимски медиуми го сменија тонот по нападот врз Венецуела?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Еванџелин Лили откри дека има оштетување на мозокот по тешка повреда при пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави изјава за Венецуела потпишана од 26 од 27 земји-членки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk