ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026 14:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последниот случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје е уште еден сериозен аларм дека системот кој треба да штити и превенира целосно потфрла, поради што министерот за внатрешни работи Панче Тошковски мора да сноси политичка одговорност. Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветаноски, истакна дека за сите пропусти, за промашената превенција и несоодветното постапување на полицијата, одговорноста е директно кај ресорниот министер, соопштија од СДСМ.

​Цветаноски порача дека во последните две години насилството станало секојдневие во училиштата, домовите и на улиците, а безбедноста на децата е сериозно загрозена. Таа потсети дека само од почетокот на годинава се регистрирани три грозоморни случаи на злоупотреба на малолетници во Скопје, Гостивар и Неготино. Дополнително, таа ги посочи трагичните случаи на семејно насилство кои завршија фатално поради нереагирањето на институциите, споменувајќи ја смртта на младата Ивана за која имало дури 12 пријави во две години, убиството на Росица и нејзиниот татко во Велес, како и случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане кој уби пет жени додека полицијата ги игнорирала пријавите на жителите.

​Во своето обраќање, Цветаноски потсети и на трагедијата во Кочани со 63 жртви, обвинувајќи го Тошковски дека ги штител полициските началници наместо да ги санкционира. Таа го отвори и скандалот со петте тони дрога кои поминале преку граница без никаква контрола, прашувајќи кој од врвот на власта, царината и полицијата ќе одговара за овој случај за кој сè уште нема одговор од МВР.

​На крајот, претставничката на СДСМ заклучи дека полицијата е ставена исклучиво во функција на заштита на власта наместо на граѓаните. Таа порача дека ниту една прес-конференција нема да ја врати довербата во институциите, потенцирајќи дека министерот Тошковски покажал оти нема капацитет да ја гарантира безбедноста на граѓаните и затоа е време веднаш да си поднесе оставка.

Next Post
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk