ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски беше дел од толпа на митинг во САД, скапо платената ПР фарса без никаков бенефит за државата

January 22, 2025 14:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните која не им носи ништо ниту на нив ниту на државата. Владата три дена го продаваше ова патување како „историски успех“ но вистината е сосема поинаква: премиерот немал ниту официјална покана за инаугурацијата на претседателот Трамп ниту бил дел од неа. Наместо тоа, тој присуствувал на партиски митинг организиран од Републиканската партија, од каде инаугурацијата ја следел на монитор, истакнуваат од СДСМ.

Од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, велат дека „наместо сериозни средби со светски лидери или високи дипломати, добивме фотографии од хотелски лобија, ракувања „на нога“ со новинари и неколку бизнисмени од кои повеќето само пред два месеци беа тука кај нас. Ова патување не донесе ниту еден конкретен бенефит за државата, а јавноста со право прашува: колку чини овој спектакл и што добија граѓаните за возврат?“

„Истовремено, бугарските медиуми открија дека зад целата организација стои ПР агенција која овозможува странски политичари да присуствуваат на вакви настани за „да си направат слики“. Тоа значи дека ова не е ниту дипломатски успех, ниту признание, туку обична промоција на Мицкоски платена со пари од народот.

Според првичните проценки, ова патување ја чини државата стотици илјади евра – средства кои можеше да се искористат за реални потреби на граѓаните. На пример, со овие пари можеше да се реконструираат неколку училишта, да се купат 10 нови амбулантни возила за итната помош или да се дадат како поддршка за ранливи групи кои мака мачат со трошоците за живот.

Додека Владата троши на лажен престиж, граѓаните секојдневно се борат со сиромаштијата, со цените кои растат благодарение на Мицкоски и неговиот поданички однос кон трговците, немаат терапија во болниците. Можеби Мицкоски требаше да си го купи новиот авион кој го најавува па со него да оди да се слика во хотели.

Најголемиот срам доаѓа со обидот на Владата ова патување да го продаде како „голем дипломатски успех“. Во домашните медиуми, премиерот се претставува како „единствениот политичар од Балканот“ кој добил покана за инаугурацијата на Трамп. Но, вистината е далеку од тоа – тој беше дел од толпата на митинг и не беше поканет на официјалниот настан. Дипломатијата подразбира средби, резултати и визија за државата. Мицкоски ни понуди само слики за Фејсбук.

Граѓаните заслужуваат транспарентност. Заслужуваат да знаат колку чинеше ова патување и кој го организираше. Заслужуваат да знаат зошто Владата троши пари на вакви спектакли, додека народот едвај врзува крај со крај.

Македонија заслужува лидер кој ќе ја претставува со достоинство, а не турист кој ги користи парите на граѓаните за лажна слава.

Ова не е дипломатија, ова е фарса – и ние сите ја плаќаме цената!“, се нагласува во соопштенето на СДСМ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВашингтонМицкоскиСДСМ

НАЈНОВО

Русија стана првата земја што го призна талибанското раководство во Авганистан

July 4, 2025

Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти

July 4, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со Grok

Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk