ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Финансиска полиција со кривична пријава за едно физичко и едно правно лице, кои за 8.703.558 денари го оштетиле Буџетот на ФЗО

January 24, 2025 10:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против И.Т во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Од Финансова полиција денеска соопштија дека првопријавенaта И.Т во период од 01.01.2014 до 31.12.2016 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, дала лажна изјава заверена на нотар со која потврдила дека ортопедското помагало кое го набавува и фактурира кон Фондот за здравствено осигурување со назив „Ортоза за колк со зглоб” е соодветно и одговара на помагалото „Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” утврдено во Списокот на ортопедски и други помагала во делот на Ортопедски средства-Надколени ортози под шифра 2105 согласно критериумите од Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала, иако била свесна дека таквото помагало не одговара на медицинските индикации и дијагнози утврдени во списокот на ортопедски помагала за кои Потврда за потреба издава лекар специјалист.

На овој начин, се подвлекува во соопштението, го измамила и довела во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да склучи Договор за издавање на ортопедски и други помагала за период од 01.01.2014 до 31.12.2016, при што во текот на 2014, 2015 и 2016 година извршила набавка и испорака на 171 несодветни помагала со назив „Ортоза за колк со зглоб” притоа фактурирајќи ги кон Фондот за здравствено осигурување под шифра 2105 и назив „Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” на кој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од 763.470 денари во текот на 2014 година, 5.038.902 денари во текот на 2015 година и 2.901.186 денари во текот на 2016 година, односно вкупно 8.703.558 денари за кој износ е оштетен Буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Next Post
Фото: Скриншот

Британскиот тинејџер кој уби три девојчиња осуден на минимум 52 години затвор

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk