ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, со задоволство објавува дека easyJet, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен лет од Меѓународниот аеродром Скопје до аеродромот Орли во Париз.
ЕasyJet како нискобуџетната авиокомпанија која нуди патувања низ Европа преку својата широка мрежа на авиолинии, ќе почне да лета од Париз до Скопје и назад на 2 април 2025 година.
На новите директни летови на релација Париз – Скопје – Париз ЕasyJet ќе оперира со два лета неделно, или секоја среда и сабота, со што авиокомпанијата ја задоволува потребата за брзо и достапно поврзување и меѓу францускиот регион и на меѓународно ниво.