Откако студентка беше прегазена во Нов Белград за време на блокадата, студентите ги повикаа сите свои колеги и граѓани да дојдат на блокадите во Автокоманда во Белград, пренесува српски Н1.
Како што пренесуваат српските медиуми, во Автокоманда веќе има голема група студенти. Шетаат околу кружниот тек и наизменично извикуваат „Нема да не газите“ и „Рацете ви се крвави“, „Генерален штрајк“ и „Студентите станаа“.
Svetlost Srbije!
Upravo Autokomanda! pic.twitter.com/OezJ6WPRFF— Bogdan Tatic (@BogdanTatic) January 24, 2025
Студентите носат државни српски знамиња, знамиња на факултетите и транспаренти – „Државата е сопственост на децата“, „Машини против машини“ и „Адвокатите сакаат правда“, „Јас не сум Достоевски, но каде има криминал, има и казна“, „ Колку капки се доволни да се прелее“, „Амиго, народот ти се дигна“.
Голем број студенти се на пат кон Автокоманда, пренесува Н1.
Autokomanda sad! pic.twitter.com/W6uLPjMz1k
— Vladimir Stimac (@stimac15) January 24, 2025
Затворен за сообраќај е и Бранковиот мост, како и Панчевскиот мост.
Во текот на протестите во Нов Белград, на улица Јуриј Гаргарин, непознато женско лице удрило со автомобил во студенка.
Incident u ulici Jurija Gagarina!
Devojka teže povređena! pic.twitter.com/4dvmFZclsA— Bora (@BoraKonj) January 24, 2025
Полицијата и редарите успеале да ја сопрат и да ја приведат.
J. Ѓ.