Студентката која вчера беше повреден на протестите во Белград е во стабилна состојба, свесна и комуникативна, а моментално се наоѓа во Ургентниот центар каде се вршат подетални анализи, јавува репортерот на Н1.
Инцидентот се случи вчера околу 15 часот, при блокада на улицата Јурија Гагарина во блок 70 во Нов Белград, кога 25-годишна жена со својот автомобил влета во демонстрантите, соборувајќи двајца студенти. Во таа прилика студентката паднала на тротоарот и со глава удрила во работ на тротоарот. Вишото јавно обвинителство соопшти дека на жената која го управувала автомобилот и е одредена мерка притвор во траење од 48 часа поради сомнение дека сторила кривично дело тешко убиство во обид.
Incident u ulici Jurija Gagarina!
Devojka teže povređena! pic.twitter.com/4dvmFZclsA— Bora (@BoraKonj) January 24, 2025
„Таа е свесна и комуникативна и нејзиниот живот не е во опасност. Има неврохируршки повреди на главата, епидурален хематом, фрактура на черепот и контузија на мозокот. Таа е задржана во болница на опсервација и после 24 часа ќе се направи контролен скен“, велат за Нова.рс од Земјоделскиот факултет.
Според нив, родителите ја посетиле и според последните информации лекарите се оптимисти за брзината на нејзиното закрепнување.
Ј. Ѓ.
Прочитајте и…