ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ФОТО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти во Солун и Атина

January 26, 2025 15:37
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници граѓани на сите возрасти, масовно протестираа во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи во февруари 2023 година, барајќи правда за 57-те жртви, откако во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, а по завршувањето имаше и инциденти, јави дописничката на МИА од Атина.

Плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент беше премал да ги собере сите оние кои дојдоа на собирот организиран од Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ под слоганот „Немам кислород“, а претпладнево сите патишта водеа кон плоштадот во центарот на Атина.

Метрото беше преполно со граѓани кои се упатуваа на протестот, а според процентите на полицијата, на протестот во Атина учествуваа над 30.000 граѓани.

Протести се одржаа речиси во сите градови во Грција, а по завршување на официјалниот дел како во Солун, така и во Атина имаше инциденти, откако помали групи ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец.

Во Атина, инцидентите се префрлија во околните улици во поширокиот дел на центарот на градот, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, од шок бомба повреден е фоторепортер.

И покрај инцидентите, дел од демонстрантите останаа пред грчкиот Парламент.

Претходно, на протестот говореа роднините на жртвите во несреќата, меѓу кои и претседателката на здружението „Темпи 2023“, Мариа Каристиану која ја загуби 20-годишната ќерка во несреќата, а во обраќењето истакна дека дел од загинатите „три минути се измачуваа, знаеја дека ќе умрат и чекаа да умрат“.

За време на протестот илјадниците граѓани на неколку пати скандираа „Убијци“, побараа целосно расчистување на случајот.

Во железничката несреќа животот го загубија 57 лица, а според извештајот на експертот ангажиран од семејствата на жртвите Василис Кокоцакис, дел од загинатите, околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што предизвикала недостаток на кислород.

Паралелно беше објавен аудиозапис од телефонски повик на бројот 112 за итни случаи во кои се слушаат повиците за помош, меѓу кои и женски глас што вели „Немам кислород“, што беше и причина протестите да бидат под конкретниот слоган со цел семејствата на загинатите да побараат правда и „независно судство за сите“.

Аудиоснимките се од последните моменти на патниците од возот и според експертите, докажуваат дека дел од жртвите не загинале во сударот туку во експлозијата што следела.

Во објавениот телефонски повик до 112, што е автоматски воспоставен откако мобилниот телефон препознал несреќа, се слуша женски глас што бара помош, вели „Не можам да дишам“, „Имам многу малку воздух“, а на крајот завршува со зборовите „Ќе умреме … Марти, те сакам“, што според медиумите во Грција, се упатени до нејзината 20-годишна пријателка што не ја преживеа несреќата.

Здружението на роднините на жртвите преку протестот побара веднаш да се спроведе истрага „за експлозијата на нелегалниот хемиски товар“ во товарниот вагон и „за пожарот во кој живи изгореа нашите најблиски“, како и кандидатот за претседател и до неодамна собраниски спикер Константинос Тасулас „да даде објаснувања пред неговата инаугурација на највисоката функција за закопувањето на предметите за Темпи во фиоките на Парламентот“.

Железничката несреќа се случи кусо пред полноќ на 28 февруари 2023 година во близина на месноста Темпи во централна Грција при директен судир на товарен и патнички воз кои се движеле на иста шина, а животот го загубија 57 лица, од кои поголемиот дел студенти.

Фото: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Грцијапротести

НАЈНОВО

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

June 29, 2025

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

June 29, 2025

Ѓоковиќ вели дека се чувствува добро пред стартот на Вимблдон, Алкараз полн со самодоверба

June 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервјуто на Џабир Дерала за украинската агенција „Укринформ“ со силен одек во албанските медиуми во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски Модернио

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk