Студентскиот пленум на Државниот универзитет во Нови Пазар денеска едногласно изгласа блокирање на високообразовната институција. На овој чекор се решиле откако раководството на Универзитетот не им ги отворило вратите и не им дозволило да влезат во просториите на факултетот, пренесува Н1.
Како што јавуваат српските медиуми, неколку стотици граѓани се собраа пред Универзитетот, аплаудираа и скандираа во знак на поддршка на студентите, барајќи да им се дозволи влез во зградата.
Студенти и граѓани претходно им оддадоа почит на жртвите во Нови Сад, како и на студентот од Нови Пазар кој беше прегазен на пешачки премин во Белград.