ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Адвокатот на Палевски: Невозможно е четворица обвинети да немаат ниту едно прашање или приговор, тоа укажува дека веќе можеби преговарале за исходот на оваа постапка

January 27, 2025 12:46
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Невозможно е четворица обвинети, кои еднаш го признаа кривичното дело, а потоа го повлекоа, досега во текот на оваа постапка да немаат ниту едно прашање да постават или да приговараат на било каков доказ. Тоа ни укажува дека во конкретниот случај можеби тие се заложници во овој кривично правен настан или дека веќе можеби преговарале за исходот на оваа постапка, а се од причина единствено првообвинетиот Љупчо Палевски да биде лицето кое го извршило ова кривично дело, изјави бранителот на Палевски, адвокатот Маријан Витановски.

Не може, рече Витановски, сведоци десет пати да бидат прашани дали Љупчо Палевски има пиштол, а никој друг од обвинетите да не бидат прашан.

– Сметавме дека некои работи што ги презема Обвинителство укажуваат на тоа дека се прави обид по било која цена обвинетиот Љупчо Палевски да се доведе во поврзаност со ова кривично дело, за коешто и веќе реков, доказите коишто се приложени кон обвинението, преку истите тие материјални докази, обвинетиот Љупчо Палевски засега не може да се доведе во поврзаност со ова дело, изјави Витановски.

Според Витановски, обвинетиот Палевски смета дека ова е најпогодниот момент, кога треба да бараат изземање од причина што јавниот обвинител ниту административно не проверил дали обвинетиот Боре Видевски има пиштол.

– При претрес на дом, значи констатирал само дека не се пронајдени предмети кои би биле поврзани со конкретното кривично дело. Значи, имајќи го во предвид фактот дека поседува ист таков пиштол, сметавме дека истрагата во една фаза е незаконска од причина што и доставената чаура која што е вештачена, не беше доставена да биде изведена како доказ, изјави Витановски.

При добивањето на дозвола во надлежните служби, Витановски појасни дека се врши испукување, и преку тоа испукување доколку бил одземен пиштолот од Боро Видевски, можело да се провери дали пронајдената чаура одговара на тој пиштол или евентуално на било кој пиштол кое некое лице го поседува со дозвола.

Обвинителката Жаклина Крстевска, во изјава за медиумите по денешното рочиште на кое беше побарано нејзино изземање од случајот, рече дека Обвинителството има преземено доволно дејствија и дека сите наводи на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо се неосновани.

Во однос на изјавата од бранителот на Палевски, дека останатите обвинети преговарале со обвинителство, Крстевска рече дека ниту еден бранител не разговарал со обвинителството надвор од преземањето на службените дејствија.

Tags: Палевскисудење
Next Post

Берлин го парализира еднодневен штрајк на вработените во јавниот превоз

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk