ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Јаневска: Ниту филозофија, ниту логика се исклучени од концептот за реформи на гимназиското образование

January 27, 2025 15:47
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска во изјава за медиумите рече дека не е точно оти предметите филофозија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование откако дел од гимназиските професори по овие предмети преку отворено писмо оценија дека е самоубиствено да се предлага концепција за гимназиско образование без филозофија, логика и етика.

– Не е точно, ниту филозофија, ниту логика се исклучени. Но, како и да е, ова е драфт верзија поставена на јавна расправа. Сега прибираме сугестии, забелешки, предлози и откако ќе заврши јавната расправа ќе донесеме дефинитивен заклучок. Пред два дена бев на Филозофски факултет, имав средба со професорите од Филозофскиот факултет, разговаравме многу конструктивно. Очекувам и нивна поддршка, затоа што ги сослушавме и ќе постапуваме по заеднички препораки, но првенствено во корист на учениците, изјави Јаневска.

Во однос на предметот Сексуално образование, министерката посочи оти овој предмет останува како слободен изборен предмет во деветто одделение и продолжува во средното образование.

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието информираа дека е изработена Нацрт-кКонцепција за реформи во гимназиското образование и ги повикаа сите наставници, ученици, родители, експерти и заинтересирани страни со мислења, предлози и забелешки да се вклучат во јавната дискусија за усвојување на најдобрата верзија. Целта, како што посочија, е да обезбеди современ, инклузивен и конкурентен образовен систем, а коментари може да се испраќаат на веб страницата на Бирото за образование најдоцна до 31 јануари.

За студентскиот оброк и во однос на тоа дали ќе се зголеми сумата или бројот на студенти, таа нагласи дека се чека на резултатот од преговорите меѓу студентите. – Ставот е сосема јасен, веќе неколкупати сме го договориле . Во овој момент очекуваме резултат од преговорте меѓу студентите. Штом ќе го добиеме така и ќе постапиме, рече Јаневска, која денеска присуствуваше на промоцијата на првиот интегриран учебник по гинекологија и акушерство напишан на македонски јазик.

Поврзано: 

Отворено писмо од гимназиски професори: Радикално и категорично ja отфрламе понудената Концепција за гимназиско образование

Tags: гимназијаЈаневскаобразование
Next Post

Мизрахи: Филипче како поранешен министер за здравство и претходната влада се одговорни за состојбата на Онкологија

EVN

НАЈНОВО

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Македонското МНР со одговор на бугарското МНР: Бугарија се меша во нашите внатрешни работи со етикетирања

January 27, 2026
Фото: Скриншот

Нов инцидент: Пукање на агенти на ICE во Аризона, едно лице е во критична состојба

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Што е Војничевиот ракопис – мистеријата што одбива да биде прочитана

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk