ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжени санкциите на ЕУ кон Русија и суспендиран безвизниот режим за грузиските функционери и дипломати

January 27, 2025 14:05
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Советот за надворешни работи на ЕУ денеска донесе одлуки за продолжување на економските рестриктивни мерки воведени кон Русија поради руската агресија врз Украина за дополнителни шест месеци, како и за укинување на безвизниот режим за грузиските дипломати и официјални лица.

Советот реши да ги продолжи санкциите на ЕУ кон Русија до 31 јули 2025 година како резултат на „континуираните активности на Руската Федерација со кои се дестабилизира ситуацијата во Украина“.

Економските санкции кон Русија поради „дестабилизирачки активности“ беа воведени во јули 2014 година по руската окупација и анексија на украинскиот полуостров Крим, а беа дополнително проширувани од почетокот на агресијата врз Украина во февруари 2022 година.

Тие во моментов опфаќаат широк спектар на секторски санкции, вклучувајќи ограничувања во трговијата, финансиите, индустријата, транспортот и во трансферот на енергија, технологија, стоки за двојна намена и луксузни производи. Со санкциите е забранет и увоз или трансфер на сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, блокирана е работата на неколку руски банки и се суспендирани акредитациите на неколку медиуми подржани од Кремљ. Дополнително, на ЕУ и се овозможува да презема и мерки против заобиколувањето на санкциите.

– Се додека Руската Федерација со незаконските активности продолжува да ги прекршува основните правила на меѓународното право, особено забраната за употреба на сила, соодветно е да остана во сила сите мерки воведени од ЕУ и да се преземат дополнителни, доколку е потребно, се додава во одлуката на Советот.

Министрите за надворешни работи на Унијата, исто така, донесоа одлука за суспендирање на одредби од Договорот за олеснување на визниот режим меѓу ЕУ и Грузија, со што отсега грузиските дипломати и официјални лица ќе мора да аплицираат за виза кога патуваат во земјите од блокот.

– Основните права и демократските вредности се основни принципи на интеграцијата во ЕУ. Официјалните лица кои претставуваат земја која ги гази овие вредности не треба да имаат придобивки од олеснетиот пристап до ЕУ, порача полски министер за внатрешни работи и администрација Томаш Сиемоњак по повод одлуката.

Оваа одлука се однесува за членови на официјалните делегации на Грузија кои учествуваат на состаноци и други настани што се одржуваат на територијата на земја членка на ЕУ, за претставници на државните и регионални влади и парламенти, за членовите на Уставниот и Врховниот суд на земјата и за сите носители на дипломатски пасоши. Останатите грузиските државјани кои имаат обични пасоши ќе продолжат да ги уживаат придобивките од визната либерализација при краткотраен престој во ЕУ.

Одлуката е реакција на „Закон за транспарентност на странско влијание“ и законскиот пакет за „семејните вредности и заштита на малолетниците“ усвоени во Грузија минатата година, за кои ЕУ смета дека ги поткопуваат основните права на грузискиот народ, вклучувајќи ја слободата на здружување и изразување, правото на приватност, правото на учество во јавните работи и ја зголемуваат стигматизацијата и дискриминацијата.

– Активностите преземени од Грузија ги прекршуваат основните принципи врз кои е склучен договорот за олеснување и се во спротивност со интересите на ЕУ и нејзините земји членки, се наведува во одлуката.

Мерката, исто така, претставува и реакција на „насилната репресија“ од страна на грузиските власти врз демонстрантите, опозициските политичари и независните медиуми, што, според Советот на ЕУ, започна откако Владата во Тбилиси на 28 ноември 2024 година објави дека нема да продолжи со отворање на преговорите со Унијата до 2028 година.

Tags: ЕУРусија
Next Post

Кој по ѓаволите е Илон Маск!? Се дрзна да им држи лекции на Германците – и на светот – за демократија и соочување со минатото

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk